fbpx
Таг: рак

таг: рак

СДСМ: Имаме конкретни мерки за здрава средина и за здрав живот

Според извештајот „Зелен пораст“ на Светска банка за 2014 година, Македонија е на прво место на листата за изложеност на граѓаните на загаден воздух со цврсти честички. Дополнително, Светка банка наведува дека Македонија е на петто место според годишните смртни случаи предизвикани од загаден воздух, односно од честичките ПМ10, соопштија од СДСМ. „Сознанијата на Светска банка упатуваат на тоа дека...

СЗО: Месните преработки предизвикуваат рак

Производите од месни преработки, како сланина, колбаси, виршли и шунка, се канцерогени, односно предизвикуваат рак, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО). Како што јавуваат медиумите, Меѓуародната агенција за истражување на ракот (ИАРЦ), со седиште во Париз, а која е дел од СЗО, денеска официјално ги стави месните преработки на листата од првата група производи, на која веќе се наоѓаат тутунот,...

Почина пејачката Уснија Реџепова

На 69-годишна возраст, почина кралицата на народна музика, Уснија Реџепова. Таа три години се бореше со рак на белите дробови, а последните месеци била на болничко лекување. Во понеделникот ситуацијата значително ѝ се влошила.  

Џими Картер објави дека има меланом на мозокот

Поранешниот американски претседател, нобеловецот, Џим Картер кој минатата недела објави дека има рак денеска одржа прес-конференција на која прецизираше дека има меланом на мозокот на четири места. Тој соопшти дека ракот се проширил по целото тело и оти денеска ќе почне третмани на зрачење. На третмани против ракот ќе оди на секои три недели, а дијагнозата е воспоставена пред операцијата...

Џими Картер откри дека боледува од рак

Поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Џими Картер, соопштил дека боледува од рак, кој бил откриен при хируршка операција на црниот дроб, на која бил подложен неодамна, јавуваат светските медиуми. При операцијата, лекарите утврдиле дека ракот се проширил и на другите органи на 90-годишниот американски државник. Како што пренесува „Би-Би-Си“, Картер ќе биде подложен на лекарски третман во „Емори хeлткер“...

Кулинарски специјалитет од Тајланд предизвикува рак на црниот дроб

Тим научници и лекари од Тајланд се обидуваат да ги сменат навиките за исхрана на дел од населението во североисточниот дел од земјата, откако било откриено дека кулинарскиот специјалитет што го подготвуваат од свежа риба е главниот виновник за големата стапка на заболени од рак на црниот дроб, се вели во сторијата објавена од „Би-Би-Си“. Јадењето кое се нарекува „кои...

Синот на Џо Бајден почина од рак

Американскиот заменик-претседател Џо Бајден соопшти дека неговиот син Бо починал од рак на мозокот. Во соопштението на Белата куќа се наведува дека „целото семејство Бајден е тажно, но дека духот на Бо ќе живее со нив“. Бо Бајден бил јавен обвинител, а потоа работел во адвокатска канцеларија. Тој служел и во Ирак како капетан на Националната гарда. Синот на Бајден преживеал мозочен...

НБМ издаде ковани пари „Близнаци“ и „Рак“ за колекционерски цели

Народната банка на Република Македонија пушти во оптек уште две ковани пари за колекционерски цели од серијата „Хороскопски знаци“, а станува збор за парите „Близнаци“ и „Рак“, кои чинат 2.700 денари. Овие ковани пари се изработени од сребро Аg925, со тежина на среброто од 21,00 грам, чистота на среброто 19,43 грама, во овална форма со димензии од 35 х 45...

Хуманитарен турнир во мал фудбал за помош на Евица Бојаџиева

Хуманитарен турнир во мал фудбал се одржа денеска во Штип, на кој учесниците донираа средства за помош на лекарката Евица Бојаџиева, која боледува од рак. Организар на турнирот, на кој учествуваа дваесетина екипи, беше музичарот и спортски работник од Штип, Мирче Кикиритков. Со парите што досега беа собрани, д-р Бојаџиева замина на лекување во Кина, каде, како што велат од семејството,...

Кампања: „Сакаш ли и ти да помогнеш?“

Здружението за борба против ракот „Борка“ и „Рамстор мол“ од денеска ќе почнат хуманитарна кампања под слоганот „Сакаш ли и ти да помогнеш?“ Оваа акција има цел да ја зголеми свесноста за ракот и за превентивното и навремено дејствување против него. Секој вторник во наредните три недели, во трговскиот центар ќе се одржуваат работилници, предавања и хуманитарни акции за подобро запознавање на јавноста...

Почина Никола Симиќ

По долго боледување, на 80-годишна возраст, вчера почина српскиот актер Никола Симиќ. Симиќ е роден на 18 мај 1934 година. Негова прва љубов било сликањето, но се откажал од уметничкото училиште и му се посветил на актерството, во кое го вовел неговиот постар брат Славко. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград и првата улога во претставата „Оклопен воз“...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...