Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг трогнати од пораките за поддршка откако таа објави дека има рак

Таа рече дека мисли на сите заболени од рак, додавајќи: „До сите кои се соочуваат со оваа болест, во која било форма, ве молиме да не губат верба и надеж. Не сте сами”

-

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се „длабоко трогнати“ од пораките за поддршка добиени откако таа ја објави дијагнозата на рак, изјави портпаролот на палатата Кенсингтон, oбјави „Гардијан“.

Кејт Мидлтон во петокот рече дека е подложена на превентивна хемотерапија, откако тестовите направени по нејзината операција на абдоменот во јануари, открија дека има рак.

42 годишната сопруга на престолонаследникот, откритието за рак го нарече „голем шок“. Веста дојде како нов удар за британското кралско семејство, со оглед на фактот дека и кралот Чарлс е на третман од рак.

Изјавата на Кејт преку видео порака, која беше снимена во замокот Виндзор во средата, предизвика излив на поддршка од добронамерници.

Принцезата од Велс откри дека и е дијагностициран рак и дека е во рана фаза на третман со хемотерапија. Деталите за каков вид карцином станува збор не се објавени, но од Кенсингтонската палата изјавија дека се уверени дека принцезата целосно ќе закрепне. Во изјавата, Мидлтон објаснува дека кога имала операција на абдоменот во јануари, не се знаело дека е присутен ракот.

„Сепак, тестовите по операцијата покажаа дека има рак. Мојот лекарски тим затоа ме советуваше да одам на превентивна хемотерапија и сега сум во рана фаза на тој третман“, изјави принцезата.

Таа рече дека мисли на сите заболени од рак, додавајќи: „До сите кои се соочуваат со оваа болест, во која било форма, ве молиме да не губат верба и надеж. Не сте сами.”

Кетрин рече дека на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, им било потребно време да им ја објаснат ситуацијата на нивните три деца, Џорџ (10), Шарлот (8) и Луис (5).

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...