fbpx

Вистиномер: Нема лек за рак на простата кој функционира стопроцентно

-

Измамнички и невистинито е да се ветува дека ќе се излекува канцер на простата во сто проценти од случаите, oсобено без да се знае какви се параметрите на конкретниот пациент. Тоа едноставно  е далеку од вистината. Третманот на канцер на простата е хируршката интервенција, наречена радикална простатектомија, која може да се изведе на класичен начин, лапароскопски или со роботска хирургија, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

.

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

05.08.2022

 Лек за рак на простата.

 КБЦ Каменица, Нови Сад.

 Хормонска терпија. 

100 %

Освен што не е етички да се ветува стопроцентно излекување од канцер, таквото ветување не ни може да кореспондира со вистината бидејќи секој пациент мора да се разгледува индивидуално, а канцерот на простата се разликува по тоа што има различни стадиуми во коишто може да биде откриен и зависно од тоа шансите за третманот да биде успешен се различни. Сепак, Директорот на Универзитетската Клиника за радиотерапија и онкологија доктор, Нино Васев за „Вистиномер“ вели дека секогаш кога некој ви ветува стопроцентно излекување од која било дијагноза, тоа претставува црвен аларм кој треба да се вклучи, со оглед на тоа што во медицината такво нешто не постои како стопроцентна ефикасност. Според доктор Васев, не е вистина дека канцерот може да се излекува во сто проценти од случаите.

Во медицината, а особено во онкологијата не постои 100 проценти. Една настинка не знаете како ќе се одвива, а не онколошка болест. Рак на простата во ран стадиум може да се излекува, меѓутоа не кај сите пациенти знаеме каква им е општата здравствена состојба и дали ќе има ремисија. А доколку канцерот е во подоцнежен стадиум, тогаш не е исто како во ран стадиум. Имам пациентки кои 20 години се со излекуван канцер, но повторно не би се осудил да им кажам дека можеби нема да се врати, можеби не со смртен исход, но статистички има случаи на ремисија. Така што, веднаш би требало да влее сомнеж ако некој ви гарантира излекување од 100 проценти на која било болест, а особено канцер, вели доктор Васев.

Освен тоа, стапките за преживување даваат само приближна слика на тоа колку луѓе со ист вид и стадиум на канцер се живи после пет години од дијагностицирањето. Овие стапки не може да предвидат колку долго некој ќе живее, но може да помогнат да се дојде до подобро разбирање за тоа колку е веројатно третманот да биде успешен. Исто така, треба да се има предвид дека стапките на преживување се проценки и честопати се базираат на претходни исходи за голема група на луѓе кои имале специфичен канцер, но според стапките на преживување не може да се предвиди што ќе се случи во конкретниот случај за некој конкретен човек односно пациент. Тоа го кажуваат експертите од американската асоцијација против канцер.

Ризик факторите за добивање канцер се некогаш неменливи, како на пример, возраста на пациетот или фамилијарната историја односно генетиката. Но, тоа што некој пациент има ризик фактори за развивање канцер не значи дека ќе ја добие болеста. Многу луѓе со еден или повеќе ризик фактори никогаш не добиваат канцер, додека други кои добиваат канцер можеби имале мал број ризик фактори.

Истражувачите најдоа неколку ризик фактори кои може да имаат ефект на тоа маж да добие канцер на простатаа. Прво, возраста е еден од нив. Канцер на простата ретко се појавува кај мажи помлади од 40 години, но ризикот расте после педесеттата година. Околу 6 од 10 случаи на канцер на простата се кај мажи постари од 65 години. Друг ризик фактор е фамилијарната историја односно генетиката. Канцерот на простата може да се појави кај луѓе со семејна историја, што значи дека може да се наследи. Но, поголем број случаи се кај луѓе без семејна историја. Да имате татко или брат со канцер на простата, го зголемува двојно ризикот за развој на болеста. Генските мутации го зголемуваат ризикот од канцер на простата. Не е јасна улогата на исхраната кај канцерот на простата, но мажите кои јадат многу млечни поризводи имаат малку повисоки шанси да добијат канцер на простата. Некои студии укажуваат на тоа дека мажите кои конзумираат многу калциум преку храна и суплементи имаат повисок ризик да развијат канцер на простата.

На следниот линк објавена е релативна стапка на преживување од канцер на простата, ама таа стапка како што наведува Американската асоцијација против канцер е апликативна само за фазата кога канцерот е првпат дијагностициран. Таа стапка не е апликативна ако канцерот расте се шири или ако настане ремисија после третман. Овие бројки наведени како стапка на преживување, не ги земаат сите околности предвид! Стапките на преживување се групирани базирано на тоа колку се раширил канцеорт, но и тоа колку е стар пациентот како и неговото генерално општо здравје и други фактори кои може да влијаат на исходот.

Приближно 80 до 85 проценти од сите канцери на простата се детектирани во локалните или регионалните фази, што значи фаза еден, два и три. Многу мажи дијагностицирани и третирани во овие фази ќе бидат без канцер после пет години, пишува на веб-страницата на „Џонс Хопкинс Медисин“. Но, според истиот извор, канцерот на простата детектиран во доцна фаза има просек на петгодишно преживување од 28 проценти, што е многу пониско отколку кај локалниот и регионалниот канцер на простата. Овој просек на преживување се однесува на канцер во четврти стадиум кој метастазирал и се проширил на лимфните јазли, органите или коските и други делови од телото.

Третманот на канцер на простата е хируршката интервенција, наречена радикална простатектомија, која може да се изведе на класичен начин, лапароскопски или со роботска хирургија.

Хормоналната терапија може да го намали растењето на канцерозните клетки. Овие лекови или хормони го блокираат произведувањето на тестостерон и на другите машки хормони наречени андрогени. Несаканите ефекти од овие лекови се препотување, раст на градите, дебелеење и импотенција.

Измамнички и невистинито е да се ветува дека ќе се излекува канцер на простата во сто проценти од случаите, oсобено без да се знае какви се параметрите на конкретниот пациент. Тоа едноставно е далеку од вистината. Затоа постот што го рецензираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...