Фото: Annie Spratt on Unsplash

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.317 тестови, а регистрирани се нови 600 случаи на ковид-19. Од вкупниот број на позитивни (600), регистрирани се 134 реинфекции.

Регистрирани сe 743 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 6 починати лица од: по 2 починати лица од Скопје (66г и 75г) и Охрид (83г и 83г) и по едно починато лице од Ресен (72г) и Радовиш (72г). Сите лица се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се регистрирани 4 починати лица од: Кочани (85г), Струга (69г), Куманово (72г) и Кичево (62г). Две лице се починати во болнички услови и две во домашни услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 16.07 – 08.08.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.133.045 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 333.948, бројот на оздравени пациенти е 320.449, на починати е 9.410, а бројот на активни случаи изнесува 4.089.

Напишете коментар