недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: канцер | 23 резултати

Царина заплени над 300 непријавени раствори за дијагностика на канцер

12 септември 2023

На граничниот премин Деве Баир на влез во државава при контрола на автобус се запленети 329 парчиња раствори за инјекции Gadovist 1.0 коишто се употребуваат и за дијагностика на бенигни и малигни заболувања при магнетна резонанца, скриени во пакет со етикета од производител на вода за пиење, соопшти денеска Царинската управа. „На 8 септември, царинските […]

За скандалот на Онкологија од ВМРО-ДПМНЕ бараат разрешница, премиерот вели дека ќе ја има

8 септември 2023

Новинарката на „Фокус“ Ирена Мулачка во интервју за новинската агенција „Макфакс“ зборуваше за патот на злоупотребата на лекови на скопската Клиника за онкологија, потенцирајќи дека биолошката терапија што требало да ја примаат пациентите болни од рак се препродавала најверојатно во Косово, а во разработената шема учествувале одделни лекари, поранешни директори, медицински и одделенски сестри, благајни, […]

Онколошките пациенти со апел да се пријават сите злоупотреби на Клиниката за онкологија

7 септември 2023

Тројца онколошки пациенти денеска беа примени на разговор во Јавното обвинителство, од страна на Гаврил Бубевски, основен јавен обвинител на ОЈО, Ана Гоговска, надлежен јавен обвинител за предметот и Билјана Арсовска, советник-портпарол на Јавното обвинителство. Овие пациенти, како што веќе објави Мета.мк, секојдневно во 19 часот протестираат пред обвинителството, со барања за вина и одговорност, […]

Онколошките пациенти влегуваат во обвинителството: Бараме вистина и одговорност!

7 септември 2023

По завршените работни обврски и два родителски состанока, 41-годишната Ана Марјановиќ и вчера, трет ден по ред, со своите „соборци“ стои со транспарентот во рака пред Јавното обвинителство, барајќи одговори за случајот со Клиниката за онкологија – дали имало злоупотреби со терапиите што ги примале пациентите болни од рак и дали ќе има одговорност. Како […]

Меџити во посета на Клиниката за онкологија: Терапијата е соодветна и нема злоупотреби

6 септември 2023

Министерот за здравство Фатмир Меџити утрово присуствувал на стручниот онколошки колегиум на Клиниката за радиотерапија и онкологија, кој се одржува еднаш неделно, односно секоја среда во месецот, информираат од Министерството за здравство. Министерот Меџити со лекарите разговарал за воспоставениот систем на работа на оваа клиника од скопскиот Клинички центар, начинот на контрола на терапијата, соодветна […]

Не стивнуваат реакциите по обелоденетиот скандал на Клиниката за онкологија

5 септември 2023

Барањата за одговорност и целосно расчистување на случајот со сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија не запираат. Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за политичките и здравствените функционери. Анкетната комисија ќе треба да му поднесе […]

На протест се бараа оставки за случајот со Клиниката за онкологија

4 септември 2023

Попладнево на протест излегоа граѓани кои бараат расветлување на скандалот со Клиниката за онкологија, откако медиумите објавија сомнежи за злоупотреби со терапијата на болните од рак. Додека МВР и обвинителството, според денешното соопштение, вршат распит на лица и собираат докази, граѓани се собраа пред Владата, извикувајќи „убијци, убијци“ и палеа свеќи за жртвите на здравствениот […]

Раководството на Клиниката за онкологија и друг лекарски и медицински персонал соработува со обвинителството

4 септември 2023

Во предистражната постапка за евентуални злоупотреби на Клиниката за онкологија соработува и помага и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал, информираше денеска Јавното обвинителство, по објавите во медиумите дека терапијата за болните од рак, а особено скапата биолошка терапија, била препродавана на црниот пазар од вработени на Клиниката. Од […]

Реакции за скандалите на Клиниката за онкологија, се бара одговорност

4 септември 2023

„Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на […]

Смртта на пејачот Масимо Савиќ не е поврзана со вакцината, ниту со срцев или мозочен удар

29 декември 2022

Во постот што го рецензираме се пропушта контекстот, при што се прави чуден линк меѓу смртта на пејачот Масимо Савиќ со неговите ставови за вакцинацијата. Тоа што пејачот бил поборник за вакцинацијата, не го прави припадник на „сатанисти и глобалисти“. Неговата смрт не е поврзана ни со срцев удар, ни со мозочен удар, туку е […]

Грижа и поддршка ќе добиваат децата со прележан канцер во центарот што ќе се гради во Кучково

15 декември 2022

На површина од над 650 квадратни метри, старото училиште во Кучково ќе се адаптира во регионален центар наменет за деца кои се излекувале од канцер. Во овој простор ќе има комплетно опремени соби за престој на 20 деца со 20 родители. Сепак, треба да се има предвид дека е потребно време да се реконструира и […]

Вакцината против ковид-19 и канцерот немаат меѓусебна корелација

15 декември 2022

Бројни медицински експерти велат дека нема докази кои ја поврзуваат вакцината против ковид-19 со канцерот и нотираат дека растот на бројот на случаи се објаснува со задоцнетиот скрининг во текот на ковид пандемијата. Тврдењето дека канцерот се појавува за месец или два после вакцинацијата е биолошки неможно. Онколозите нотираат  дека изложувањето на канцерогени состојки, може […]

Вистиномер: Нема лек за рак на простата кој функционира стопроцентно

11 август 2022

Измамнички и невистинито е да се ветува дека ќе се излекува канцер на простата во сто проценти од случаите, oсобено без да се знае какви се параметрите на конкретниот пациент. Тоа едноставно  е далеку од вистината. Третманот на канцер на простата е хируршката интервенција, наречена радикална простатектомија, која може да се изведе на класичен начин, […]

Вистиномер: Видео од протест со мотори во Бразил, претставено како настан во Германија

2 јули 2022

Видеото споделено во постот е манипулативно, фабрикувно, односно станува збор за содржина која е изменета (altered content). Во дел од видеото е претставен настан кој нема никаква врска со дете болно од канцер во Германија, туку се случил лани во Бразил поради карантинот воведен во екот на пандемијата со ковид-19, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. […]

Вистиномер: Спајк протеинот од вакцината против ковид-19 не е поврзан со раст на стапката на канцер

25 јуни 2022

Наспроти тврдењето во постот што го рецензираме, вакцините против ковид се испитани и нема линк меѓу нив и зголемена стапка на канцер. На официјалната веб-страница за вакцинација во земјава е посочено е дека вакцините против ковид-19 не може да предизвикаат рак. Во сите упатства за користење на вакцините, ниеден несакан ефект не е канцер. Реномирани медицински стручњаци ги отфрлаат тврдењата […]

Вистиномер: Не е точно дека поради вакцината на Фајзер e зголемена стапката на канцер, невролошки проблеми и на смрт

8 јуни 2022

Професорот за биологија на канцер, на Мехари медицинскиот колеџ, Доналд Алцендор за „Ју Ес Еј Тудеј“, вели дека нема основа за тврдењето дека вакцината предизвикува канцер. Харвард објави студија која откри придобивки од ковид вакцините за пациентите со рак, а истото го покажа и студијата на Стенфорд објавена во декември. Во однос на наводната смртност по вакцинацијата, портпаролот […]

Денеска ќе се одржи протест против загадувањето

5 декември 2016

Денеска, во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации ќе организираат протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот. Во најавата за протестот се вели дека според Светска банка, имаме најголемо аерозагадување од канцерогени ПМ-2,5 честички во Европа со годишен просек од 39,4 микрограми на еден кубен метар. […]

ФЗОМ: Ако лекот на рецепт ви го нема во првата аптека, прошетајте малку!

27 април 2016

Надоместоците што ФЗОМ ги исплаќа на аптеките се доволни за да има континуирана достапност на лекови на рецепт, тврдат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), по вчерашната реакција на граѓани, кои тврдеа дека лекови на рецепт не можат да најдат во ниту една аптека. „Доколку лекот за кој има потреба осигуреникот го нема во една аптека, поради […]

Нема лекови на рецепт во аптеките, пациентите протестираат – и плаќаат

26 април 2016

Нема лекови на рецет во аптеките, реагираат Скопјани, тврдејќи дека со денови бараат лекови, но не можат да ги набават освен ако не ги купат „приватно“. Како што велат тие за „Мета“, станува збор за антибиотици и за лекови за луѓе болни од рак, кои никаде низ Скопје ги нема на рецепт. Од аптеките низ градот […]

Страна 1 од 1