Не стивнуваат реакциите по обелоденетиот скандал на Клиниката за онкологија

Од Лекарската комора ги осудуваат обидите на вчерашниот протест сите доктори да се етикетираат како виновници за последните случувања на Клиниката за онкологија

-

Барањата за одговорност и целосно расчистување на случајот со сомнежот за злоупотреби со терапијата на болните од рак на скопската Клиника за онкологија и радиотерапија не запираат. Собранието денеска го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ да се формира анкетна комисија за утврдување на одговорноста за политичките и здравствените функционери.

Анкетната комисија ќе треба да му поднесе конечен извештај на Собранието за еден месец од завршувањето на својата работа. Во анкетната комисија ќе учествуваат 14 пратеници, од кои шест ќе бидат ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ, двајца од ДУИ и еден од Алијанса за Албанците.

Анкетната комисија е формирана од Собранието на РСМ откако Јавното обвинителство отвори истрага по наводи за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија.

Од Лекарската комора посочуваат дека уште од саботата реагирале на изнесените сомнежи за злоупотреби на Клиниката за онкологија и радиотерапија и ги оцениле како вознемирувачки, барајќи што побрзо расветлување на настаните и дознавање на вистината.

Сепак, од Лекарската комора ги осудуваат обидите на вчерашниот протест сите доктори да се етикетираат како виновници за последните случувања на Клиниката за онкологија.

„Лекарската комора го почитува правото на протест на сите граѓани, но изразува силно несогласување и ги осудува обидите на вчерашниот протест сите доктори да се стават во ист кош и да се етикетираат како виновници за последните случувања во здравствениот сектор нарекувајќи ги „убијци” и повикува тоа веднаш да престане, бидејќи така засилено се поткопува довербата меѓу лекарот и пациентот што е клучна за што поповолен исход на лекувањето“, соопшти Лекарската комора.

И од невладиниот сектор денеска пристигаат реакции во врска со скандалот на Клиниката за онкологија.

Од Центарот за слобода ЦИВИЛ велат дека со крајна загриженост го следат случајот „Онкологија“ кој го отворија  „Фокус“ и „Слободен печат“. Во случајот постојат силни индиции за криминал и корупција со кој директно се загрозуваат здравјето и животот на пациентите, кои се основни човекови права, велат од ЦИВИЛ.

„Со оглед на индициите дека овој криминал се случувал многу долго време, ЦИВИЛ смета дека реакцијата е задоцнета, но во секој случај добредојдена ќе биде транспарентна и темелна истрага и најстроги законски санкции против сторителите“, стои во соопштението од ЦИВИЛ.

Истовремено, од ЦИВИЛ со згрозеност ги следат постапките на политичките профитери и ги повикуваат граѓаните и граѓанките решително и со осуда да го отфрлат нечесниот обид да се злоупотреби несреќата на луѓето за политички цели.

„Осуда заслужуваат и политичките партии, групи и поединци кои во овој случај видоа можност за политички профит со ширење говор на омраза, дезинформации и националистички и антизападни пораки. Со тие постапки се врши целосна злоупотреба на оправданиот револт на граѓанките и граѓаните, за цели кои немаат врска со грижата за правата, здравјето и животот на луѓето“, се наведува во соопштението на ЦИВИЛ.

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во ОУ „Лазо...

Поднесено обвинение против четири лица за предизвикување омраза

Основното јавно обвинителство Скопје ја заврши постапката и до надлежниот суд поднесе обвиненија против вкупно четири лица кои во различни настани во изминатите денови извршиле дејствија кои содржат елементи на кривичното...

„Орешник“ и изборот на Трамп главни теми на (дез)информациите со недели

Сè започна со дозволата за употреба на класичните ракети со долг дострел што на Украина и ги доставуваат САД и Франција и Велика Британија. За ова медиумите масовно известуваа во почетокот...

Трамп го назначи Дејвид Сакс за советник за вештачка интелигенција и криптовалути

Доналд Трамп го назначи поранешниот оперативен директор на „Пејпал“, Давид Сакс, да биде советник за вештачка интелигенција и криптовалути, продолжувајќи ја традицијата на наградување на големи донатори со политичка моќ, пренесува...

Јаневска бара „уште неколку дена“ за решавање на случајот со ученикот во „Лазо Ангеловски“

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска рече дека на Министерството му се потребни уште неколку дена за решавање на случајот со малолетникот и бојкотот на наставата во...