fbpx

Меџити: Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, за „Онкологија“ да одговара секој кој се огрешил

Во врска со ревизорскиот извештај за магнетна резонанца, Меџити кажа дека веднаш биле преземени мерки и било постапено брзо и квалитетно

-

Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да одговара секој кој се огрешил, рече министерот за здравство Фатмир Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Тој кажа дека точно се знаеле прописите како работела една јавно-здравствена институција и како работело Министерството за здравство.

„За сѐ друго има надлежни органи, мило ми е што веќе гледаме некаков епилог на целата оваа голгота. Јас нема да дозволам веќе да се оцрнува белиот мантил. Со име и со презиме да се знае кој се огрешил и за тоа да одговара. Пред сѐ, како лекар, како министер и како човек не би сакал да верувам дека некој се осмелил да направи вакви злоупотреби. Ние како Министерство, сите служби, сите сознанија што ги имавме, навистина 24/7 сме отворени за сите истражни органи, сѐ што имаме информација да споделиме“, рече Меџити.

Во врска со ревизорскиот извештај за магнетна резонанца, Меџити кажа дека веднаш биле преземени мерки и било постапено брзо и квалитетно.

Минатата недела, обвинителите од скопското Јавно обвинителство (ЈО) на брифинг со новинарите информираа дека на пациентите кои се лечеле од рак на Клиниката за онкологија и радиотерапија, им се препишувале и издавале скапи имунотерапевтски лекови еден ден пред да починат, кога веќе било очигледно дека нема да имаат бенефит од таквата терапија.

Осомничени во случајот „Онкологија“ се пет лица – двајцата директори кои на позициите биле во периодот од 2017 до 2022 година, медицинскиот Нино Васев и организацискиот Нехат Нухи, како и тројца доктори онколози. Тие се осомничени за злоупотреба на службената положба и овластување, измама во службата и за помагање во измамата.

„Осомничените набавувале лекови на реверс, без согласност на Фондот за здравствено осигурување и без спроведена постапка за јавна набавка. На тој начин се создавале вишок на лекови за кои не се водела евиденција. Биле издавани скапи лекови од имунотерапијата, на еден ден пред смртта на пациентите, кога било очигледно дека од тој лек пациентот нема да види бенефит, односно кога постоела неможност да се развие дејството на лекот. Значи терапијата тогаш била издавана, но не и аплицирана“, информираше обвинителката Ана Гоговска Јакимовска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...