недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Фатмир Меџити | 66 резултати

Алијанса за Албанците предложи нови министри за здравство и за информатичко општество

февруари 7, 2024

Отворената „војна“ меѓу Арбен Таравари и Зијадин Села од Алијанса за Албанците сè повеќе се разгорува. Откако приврзаниците на Села вчера предложија разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество, Фатмир Меџити и Азир Алиу, денеска дадени се предлози за двајца нови министри кои би ги замениле. „Управниот совет на Алијансата за Албанците со […]

Разрешени двајца директори од Алијанса, Меџити и Алиу обвинуваат: „ДУИ фрла масло на огнот“

февруари 6, 2024

На денешната владина седница разрешени биле Бујаре Абази, директорка на АД „Македонски пошти“ и Газменд Абдија, директор на Агенцијата за странски инвестиции, кои доаѓаат од редовите на Алијанса за Албанците (АА). Ова се случува во период на големи турбуленции во партијата од албанскиот политички блок, каде во директен судир влегоа Арбен Таравари и Зијадин Села. […]

Алијанса бара разрешување на министрите Меџити и Алиу

февруари 6, 2024

Кадровската комисија на Алијансата за Албанците, составена од 7 члена, како единствен орган на АА за кадровски прашања, со мнозинство од пет гласа одлучи да му предложи на премиерот Талат Џафери разрешување на министрите за информатичко општество и администрација и за здравство, Азир Алиу и Фатмир Меџити. „Оваа одлука е донесена затоа што преку моќта […]

Меџити: Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, за „Онкологија“ да одговара секој кој се огрешил

февруари 5, 2024

Нема да дозволам да се оцрни белиот мантил, а со име и презиме треба да одговара секој кој се огрешил, рече министерот за здравство Фатмир Меџити за емисијата „КОД“ на телевизија Телма во врска со случајот на Клиниката за онкологија. Тој кажа дека точно се знаеле прописите како работела една јавно-здравствена институција и како работело […]

Над 61.000 граѓани вакцинирани против сезонски грип – вакцинацијата најдобра превентивна мерка

февруари 2, 2024

Министерството за здравство информира дека од месец ноември досега над 61.000 граѓани се вакцинирани против сезонски грип. Со бесплатна вакцинација против ова заболување се опфатени следните ризични групи: стари лица (над 65 години), лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, како и лица сместени во […]

Промовирана е-платформа за научни студии за рак

февруари 1, 2024

Министерството за здравтво за првпат воспоставува национална електронска платформа, на која ќе се објавуваат научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и црн дроб. Министерот за здравство Фатмир Меџити, кажа дека при креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и […]

Нема одговор од Меџити зошто ја смени директорката на Инфективна, Милена Стевановиќ

јануари 30, 2024

Милена Стевановиќ, по 7 години директор на Инфективната клиника во Скопје, повеќе не е на функцијата. Министерот за здравство Фатмир Меџити на нејзината досегашна  позиција – медицински директор, го постави д-р Фадил Цана. Во јавноста има голем број реакции околу смената на Стевановиќ, дотолку повеќе што таа раководеше со клиниката во еден од најтешките периоди […]

На Клиниката за хематологија отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки

јануари 25, 2024

Амбасадата на САД донираше Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки, кој се наоѓа на Клиниката за хематологија, а кој денеска беше свечено пуштен во употреба. На настанот се обратија директорката на Клиниката за хематологија д-р Ирина Пановска Ставридис, министерот за здравство Фатмир Меџити, министерката за одбрана Славјанка Петровска, првиот заменик на претседателот на Владата […]

Меџити: Радиологија е една од најпроблематичните точки во здравството

јануари 24, 2024

Радиологија е една од најпроблематичните точки во здравството, но работиме на решавање на проблемите, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити, при денешната посета на велешката ЈЗУ Општа болница, откако вчера Државниот завод за ревизија откри серија неправилности во однос на тоа како се користи магнетната резонанца во јавните здравствени установи во земјава. Меџити рече дека […]

Краден бакар од необезбедената зграда на болницата во Кичево, од МВР не потврдуваат дека штетата е 500.000 евра

јануари 16, 2024

Бакарот најчесто бил цел на крадци во новиот објект на Општата болница во Кичево. Податоците обезбедени од Порталб.мк од Министерството за внатрешни работи (МВР) покажуваат дека од 2010 година до денес пријавени се две кражби во објектот чија изградба започна уште од времето кога премиери беа Бранко Црвенковски и Лубчо Георгиевски. Од МВР пак не […]

На Институтот за радиологија набавен нов дигитален РТГ апарат наменет за деца

јануари 15, 2024

Нов дигитален рентген апарат за динамички флуороскопски и радиографски снимања на деца, има од неодмна на Институтот за радиологија. Денеска министерот за здравство Фатмир Меџити беше во посета на Институтот. „Инсталирана и завршена е техничката обука за користење на апаратот. Набавен е од Министерство за здравство во вкупна вредност од 23 милиони денари. РТГ апаратот […]

Меџити: Родителите да ги вакцинираат децата против голема кашлица

јануари 10, 2024

Министерот за здравство Фатмир Меџити денеска апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца против голема кашлица (бордетела пертусис), откако беше прашан каква е состојбата со оваа болест во земјата, со оглед на фактот дека на Детска клиника е хоспитализирано шестмесечно бебе со голема кашлица. „Не можеме преку ноќ да го смениме менталниот склоп на […]

Почна со работа нова поликлиника во Сарај, ќе опслужува 45.000 пациенти

јануари 10, 2024

Нова поликлиника денеска беше отворена во Сарај, која треба да опслужува околу 45.000 пациенти кои живеат во овој регион. Објектот го отвори министерот Фатмир Меџити, кој кажа дека ова е инвестиција која вреди 79 милиони денари, пари кои се обезбедени од Министерство за здравство. „Поликлиниката во Сарај ќе обезбедува здравствена заштита за граѓаните од Бојане, […]

Две пациентки со цистична фиброза добија трикафта, утре ќе добијат уште две

јануари 2, 2024

Две пациентки со цистична фиброза го примија лекот трикафта во петокот, информираше на својот профил на Фејсбук министерот за здравство Фатмир Меџити. „Тие во моментов се на Клиниката за детски болести и нивната состојба е стабилна. Во новата година, пациентите со цистична фиброза добиваат подобар квалитет на живот. Во текот на утрешниот ден уште двајца […]

Алек Стефановски е името на првото родено бебе во 2024 година во земјава

јануари 1, 2024

Министерот за здравство Фатмир Меџити и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, го посетија првото родено бебе во земјава во 2024 година. „Станува збор за здраво машко дете, тешко 3.760 грама и долго 52 сантиметри. Му посакувам многу […]

Меџити: 1.117 лица ангажирани во јавното здравство ќе добијат договори на неопределено време

декември 28, 2023

Вкупно 1.117 лица ангажирани во јавното здравство конечно ќе добијат договори на неопределено време. Министерот за здравство Фатмир Меџити, уште вчера на брифинг со новинарите кажа дека има и лица кои и по 10 години работат со договор на дело. Тој на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за финансии […]

Меџити: Не можеме да ја тужиме градежната фирма на кичевската болница, по вина на Министерството украдени се 500.000 евра

декември 28, 2023

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, вчера на брифинг со новинарите во врска со изградбата на новата болница во Кичево изјави дека во процесот на градење на објектот имало пропусти од страна на Министерството за здравство и се украдени материјали за работа во вредност од 500 илјади евра, а во меѓувреме додаде и дека во тек […]

Направена уште една трансплантација на срце и на бубрези

декември 27, 2023

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити информира дека направена е уште една трансплантација на срце и бубрези во земјава. Тој кажа дека благодарение на хуманоста на едно семејство кое и покрај болката од загубата на член од семејството, успеало да собере храброст и да се одлучи да спаси тројца пациенти кои добиле здрави органи и […]

Меџити: Во 2024 ќе има ригорозни мерки за аерозагадувачите и за пушачите

декември 27, 2023

Во најмодерните земји во светот се повикува на превенција во врска со аерозагадувањето. Ќе видите во наредната година, дека многу динамично ќе постапиме со мерки заеднички со сите министерства. Ќе има навистина ригориозни мерки за загадувачите. Мораме да се стремиме да сме дел од зелената еколошка карта, да има место за Македонија во светот. Ова […]

„Ну, погоди!“, кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?

декември 26, 2023

Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ […]

Страна 1 од 4