fbpx

Меџити: 1.117 лица ангажирани во јавното здравство ќе добијат договори на неопределено време

Во јавното здравство има лица кои работат и по неколку години, без здравствено и пензиско осигурување

-

Вкупно 1.117 лица ангажирани во јавното здравство конечно ќе добијат договори на неопределено време. Министерот за здравство Фатмир Меџити, уште вчера на брифинг со новинарите кажа дека има и лица кои и по 10 години работат со договор на дело.

Тој на денешната заедничка прес-конференција со претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за финансии Фатмир Бесими, кажа дека инвестирањето во здравствени работници е еден од најважните сегменти, за иднината во јавното здравство.

„Клучно за креирањето на здравствените политики е решавање на статусот на лекарите, болничарите, техничарите, на медицинскиот и немедицинскиот кадар со трајно вработување. Денеска решаваме статус на 1.117 лица медицински персонал, помошно-технички персонал, хигиеничари и возачи, со одлука на Влада се отвора можност вработување на неопределено време во јавните здравствени установи. Средствата за одобрените вработувања на неопределено време се обезбедени во рамки на јавните здравствени установи и Фондот за здравствено осигурување“, рече Меџити.

Тој додаде дека иако е време на криза, инвестициите во здравството биле големи.

„Инвестираме не само во опрема и инфраструктура, инвестираме и во кадар, зголемување на платите, додатоците на здравствените работници. Со ваквите сериозни инвестиции во јавното здравје, помагаме да се зголеми квалитетот на услугата, да се олесни пристапот, до здравствените услуги“, кажа министерот.

Во јавното здравство има лица кои работат и по неколку години, без да имаат здравствено и пензиско осигурување. Министерот Меџити инсистираше овој проблем да се реши, но кочница беше Министерството за финансии. Министерот вчера на брифингот со новинарите кажа дека за ова „лавовски се борел“ во Влада да помине.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...