„Шорткат“: Најважното од 2023 година

Новогодишното издание на „Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот

Во новогодишната епизода на „Шорткат“ се потсетуваме на најважните прилози кои беа дел од нашата емисија изминатава 2023 година. Вечерашната, 114 епизода на вестите за млади е последна за годинава, а следното издание ќе се емитува на 11 јануари.

Во „Шорткат“ ги потсетуваме студентите да ја продолжат важноста на билетите за бесплатен јавен превоз во Скопје, а ги носиме и најновите гејминг вести.

Новогодишното издание на „Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи ИнстаграмЈутјубТикТок и Фејсбук.