недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: вести за млади | 117 резултати

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

28 март 2024

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ – млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од желбата да помогнат на свои блиски кои имаат дијабетес, Ѓорѓина и Марио ги искористиле развојот на технологијата и можностите кои ги нуди за да понудат решение […]

Шорткат: Ќе стане ли Матка споменик на природата?

14 март 2024

Законот за прогласување на кањонот Матка за споменик на природата, веќе една година стои неразгледан во фиоките во Собранието, а на само два месеци пред изборите, пратениците најавуваат дека ќе го стават на разгледување во Собраниската матична комисија за екологија. Ова е централна тема во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за одржувањето на првиот Национален […]

„Шорткат“ за изложбата Станица Пропаганда

7 март 2024

Во новата епизода на „Шорткат“ ќе ве запознаеме со Станица Пропаганда – нова комплексна инсталација и програма во живо на холандскиот уметник Јонас Стал, која ја истражува врската на уметноста и културата со доминантните форми на современата пропаганда. Во вестите за млади информираме и за сајбер насилството кое зема замав во земјава, како и за […]

Вештачката интелигенција во медиумите во фокус на новата епзиода на „Шорткат“

29 февруари 2024

Како новинарите и фоторепортерите можат да ја користат вештачката интелигенција во своја полза? Кои се придобивките, а кои можните штетни последици од употребата на ВИ во медиумите? Одговорите на овие прашања ги дознаваме во најновата епизода на „Шорткат“, каде ги пренесуваме главните заклучоци од вебинарот „Вештачката интелигенција во медиумите – про и контра“. Ги пренесуваме […]

Дипфејк технологијата главна тема вечерва во „Шорткат“

22 февруари 2024

Дипфејк или реалност – ова беше темата на Сајбер шејк дискусијата за млади што вчера се одржа во „Котур“ во Скопје. За тоа што беше кажано за оваа технологија од страна на говорниците – експерти во своите полиња и за другите интересни активности кои беа дел од настанот, дознајте повеќе во вечерашната епизода на Шорткат. […]

Шорткат: Возможна ли е кај нас енергетска транзиција?

15 февруари 2024

Замена на јагленот со чиста енергија, особено од сонцето кое го имаме во изобилие, е една од главните заложби кон кои цели земјава на полето на енергетиката. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе зборуваме за транзицијата на секторот кој се смета за еден од најголемите загадувачи на воздухот и емитер на стакленички гасови. Информираме за […]

Шорткат: Студенти го подготвуваат првиот македонски болид за светски натпревар во Хрватска

8 февруари 2024

Дваесетина македонски студенти во моментов го подготвуваат првиот македонски болид. Тркачкиот автомобил од лабораторијата на Машинскиот факултет треба да стигне на светски студентски натпревар во Хрватска. За нивната работа, патот што го одат и предизвиците на кои наидуваат дознајте повеќе преку нашиот разговор со Стефан, Георги и Масимо, кои се дел од тимот на MES […]

Шорткат: Над 3.800 смртни случаи годишно поради аерозагадувањето во земјава

1 февруари 2024

Загрижувачки податоци од Институтот за јавно здравје. Во Македонија годишно има над 3.800 смртни случаи кои можат да се препишат на аерозагадувањето. Повеќе за извештајот дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади, кои од оваа епизода се со освежен визуелен идентитет, ви носиме информации за студентите и партиципацијата што тие (ќе) ја […]

Шорткат: Услугите на УКИМ ќе се плаќаат онлајн

25 јануари 2024

Професори и асистенти на УКИМ направија систем со кој им се овозможува на студентите услугите на факултетите да ги плаќаат онлајн. Ќе станат ли уплатниците и редиците во банка минато за студентите, дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади информираме и за предложените измени на Законот за средно образование, невработените магистри и […]

Шорткат: Кои се најголемите природни непогоди во земјава?

18 јануари 2024

Пожари и поплави се најголемиот дел од природните непогоди кои се случиле во С. Македонија во изминативе неколку години, покажува Анализата на екстремни временски настани која ја изработи Центарот на климатски промени. Само на овие две непогоди отпаѓаат над 90 проценти од природните катастрофи што се случиле во земјата. Повеќе за анализата дознајте во новата […]

Шорткат: Макетите на младиот Диар од Чаир

11 јануари 2024

Дванаесетгодишниот Диар Ајдини од скопски Чаир поседува извонреден талент за создавање нови дела со механички уреди. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе видите три негови макети, изработени според модели на вистински уреди – светлосен аларм, вентилатор за лаптоп и вентилатор за телефон. Во првата епизода на „Шорткат“ во 2024 година носиме вести и за стипендиите […]

„Шорткат“: Најважното од 2023 година

28 декември 2023

Во новогодишната епизода на „Шорткат“ се потсетуваме на најважните прилози кои беа дел од нашата емисија изминатава 2023 година. Вечерашната, 114 епизода на вестите за млади е последна за годинава, а следното издание ќе се емитува на 11 јануари. Во „Шорткат“ ги потсетуваме студентите да ја продолжат важноста на билетите за бесплатен јавен превоз во […]

Шорткат: Зошто да учам кога имам AI?

21 декември 2023

Во рамките на 19-тата Меѓународна конференција е-Општество.мк, во Тетово се одржа настанот „Cyber Shake“, на кој младите дебатираа на темата „Зошто да учам кога има вештачка интелигенција?“. Главните поенти што беа истакнати од говорниците ги пренесуваме во новата епизода на „Шорткат“. Информираме и за интересните резултати од истражувањето „Младински аспирации за кариера и вештини“, а […]

Шорткат: Употребата на вештачката интелигенција во медиумската сфера

14 декември 2023

Колку вештачката интелигенција може да придонесе да се зголеми ширењето на дезинформации во јавноста, е главното прашање на кое го бараме одговорот во новата епизода на Шорткат. На тема вештачка интелигенција носиме вест и за историскиот договор за нејзино правно регулирање во ЕУ, како и за конференцијата „е-Општество.мк“ што Фондацијата Метаморфозис ќе ја организира следната […]

„Шорткат“: Колку се исплатливи соларните инвестиции?

7 декември 2023

Колку се исплатува инвестирањето во соларна енергија во земјава? За искористувањето на енергијата од сонцето, свои предлози имаат експерти и граѓански организации, кои во новата епизода на „Шорткат“ зборуваат за тоа како инвестицијата да се направи поисплатлива и да се намали енергетската сиромаштија. Во новата епизода на Шорткат ја пренесуваме и информацијата дека онлајн малтретирањето […]

Вечерва во „Шорткат“ дознајте повеќе за видеоиграта „Скопје“

30 ноември 2023

Видеоиграта „Скопје“, чиешто демо беше претставено на еден од најреспектираните гејминг-фестивали „Pax West“ во Сиетл, е во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“. Разговараме со креаторот на играта, програмерот Кристијан Трајковски. Носиме вести и за рокот за пријава на нашата работилница за млади новинари кој истекува вечерва, како и за опасните дезинформации […]

Митови за сајбер хигиена и заштита на приватноста онлајн во новата епизода на „Шорткат“

23 ноември 2023

Темата „сајбер хигиена“ е преполна со митови и заблуди што може да нè направат ранливи на онлајн заканите. Во новата епизода на Шорткат разоткриваме дел од вообичаените митови на оваа тема и ги одвојуваме фактите од фикцијата. Носиме и низа вести за студентите –за дезинформирањето околу греењето во студентскиот дом „Стив Наумов“, за новоизбраната студентска […]

„Шорткат“: 2023 – најтоплата година досега?

16 ноември 2023

Европско истражување покажува дека планетата се загреала за речиси 1,2 Целзиусови степени над просечните температури, а за научниците веќе е практично сигурно дека годинава ќе биде најтоплата во последните 125.000 години. Ова ќе влијае на целиот биодиверзитет, а за последиците ве информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за младинската […]

„Шорткат“: На Шар Планина се случува екоцид

9 ноември 2023

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк не ги запре несовесните граѓани да фрлаат отпад насекаде во природата. Повеќе за овој екоцид информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади неделава носиме информации и за студентите – во тек е конкурсот за стипендии за редовните студенти, а формиран е и новиот состав на […]

Аерозагадувањето во фокус на вечерашната епизода на „Шорткат“

2 ноември 2023

Новата епизода на „Шорткат“ ја емитуваме вечерва, а во неа главна тема е актуелниот проект на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за справување со загадувањето на воздухот во пет македонски општини. Покрај тоа што ќе може да дознаете повеќе за справувањето со аерозагадувањето, во „Шорткат“ вечерва информираме и за резултатите од конкурсот за […]

Страна 1 од 6