Шорткат: Макетите на младиот Диар од Чаир

Вестите за млади се враќаат со прво издание во новата година

Дванаесетгодишниот Диар Ајдини од скопски Чаир поседува извонреден талент за создавање нови дела со механички уреди. Во новата епизода на „Шорткат“ ќе видите три негови макети, изработени според модели на вистински уреди – светлосен аларм, вентилатор за лаптоп и вентилатор за телефон.

Во првата епизода на „Шорткат“ во 2024 година носиме вести и за стипендиите за студенти на втор и трет циклус студии, за аерозагадувањето, како и за најновото во гејминг индустријата.

Вестите за млади ќе бидат објавени вечерва во 19 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.