fbpx
Таг: Шорткат

таг: Шорткат

Идејата на Марија Тодоровска за чистење на линданот во новата епизода на „Шорткат“

Во разговорот со младата научничка Марија Тодоровска за нејзината мотивација да почне да ги испитува микроорганизмите и нивната улога во природата, дознаваме повеќе за нејзината генијална идеја за чистење на опасниот линдан од ОХИС. Покрај ова како главна тема, во новата епизода на „Шорткат“ информираме за кратењето на материјалот за државна матура, како и за Светскиот ден на лицата со...

„Шорткат“ ја носи приказната за тројца млади што ја изработија апликацијата „Најди Аптека“

Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ја третираме приказната за тројца млади таленти што ја изработија веб-апликацијата „Најди Аптека“, која на граѓаните може да им заштеди време и пари при пребарувањето лекови во аптеките. Во 77-тото издание на вестите за млади информираме за барањето на Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС) да се намали обемот на материјал за полагање...

Вечерва во „Шорткат“: Студент во инвалидска количка досега немаше пристап до мензата во „Стив Наумов“

Главна тема во новата епизода на „Шорткат“ е приказната на студентот Дарко Стојановски сместен во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, кој е корисник на инвалидска количка. До пред неколку денови, тој не можеше да пристапи до мензата во домот, поради непостоењето на пристапна рампа, што укажува на извршена дискриминација. Во „Шорткат“ информираме и за исплатата на субвенционираниот студентски оброк...

Во новата епизода на „Шорткат“: Приказната на украинската дизајнерка Матјушенко

Елизавета Матјушенко е една од украинските бегалци кои спасот од руските гранати го нашла во Македонија. Младата дизајнерка денес, со дел од своето семејство, живее и работи во Скопје. Повеќе за нејзината приказна дознајте во новата епизода на „Шорткат“. Во неделните вести за млади информираме и за новоотворената просторија за дружење во студентскиот дом „Пелагонија“, за недоволната селекција на отпад...

Во новата епизода на „Шорткат“ ги разоткриваме дезинформациите околу војната во Украина

Најраспространетите митови и дезинформации што изминатава година ја следеа руската агресија врз Украина се главна тема во новата епизода од „Зошто (не) е така“, а од која дел ќе емитуваме во вечерашното, 74-то по ред издание на вестите за млади „Шорткат“. За митовите и дезинформациите за војната во Украина зборуваат новинарки и познавачи на темата. Во новата епизода на „Шорткат“...

Дивата депонија со линдан кај Пеленица во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Опасноста која демне од третата дива депонија со линдан од ОХИС, лоцирана на местото Пеленица во близина на скопската населба Драчево е главната тема која ја третираме во 73-тата епизода на емисијата „Шорткат“. Ја пренесуваме сликата од оваа депонија каде се складирани огромни количини токсичен отпад без никаква заштита. Во новите вести за млади информираме за протестот и бојкотот на...

Вредните средношколци и идни угостители од „Лазар Танев“ во новата епизода на „Шорткат“

Екипата на „Шорткат“ беше во посета на скопското угостителско училиште „Лазар Танев“, каде ги затекнавме вредните средношколци како подготвуваат храна во кујните, „печејќи“ ги тестото и занаетот што го одбрале. Повеќе за нивната професија погледнете во 72-та епизода на нашите вести за млади. И неделава носиме многу нови информации - меѓу нив, за герила акцијата на „Сите за МКЦ“ на...

Во „Шорткат“ известуваме за новиот простор за студентите на Машински факултет – „Фабрика за учење“

„Фабрика за учење“ е новото место на Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во кое студентите можат да креираат производи со користење на работна смарт машина, 2Д камера и робот. Во вечерашната епизода на „Шорткат“ ќе можете да дознаете нешто повеќе за иновативната технологија, која им овозможува на студентите од овој факултет да монтираат и создаваат свои...

Дигитализацијата на картотеките од Институтот за македонски јазик во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Милиони листови хартија со стари македонски зборови, дијалекти и изрази сега се достапни во дигитална форма. За сложениот процес на дигитализација на картотеките на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ погледнете во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за протестот пред Младинскиот културен центар (МКЦ) за заштита на оваа културна институција од обидите за партизација и...

Во „Шорткат“ го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите

Недостигот на снежни врнежи и невообичаеното топло време до средината на јануари ги испразнија македонските скијачки центри, кои трпат финансиски штети сезонава. Во најновата емисија на „Шорткат“ како главна тема го третираме негативното влијание на климатските промени врз ски-центрите. Во денешната епизода информираме и за резултатите од испитувањето на мострите земени од храната и кујната во студентскиот дом „Пелагонија“ по...

Иницијативата „Донирај компјутер“ во новата епизода на Шорткат

Над 2.200 компјутери се донирани низ целата држава во последните шест години преку хуманитарната иницијатива „Донирај компјутер“. Повеќе за хуманитарната работа, идејата и целта на Борче Стаменов од Кавадарци, погледнете во новата епизода на Шорткат. Во новите вести за млади јавуваме за спорниот учебник по Историја и општество во кој се забележани повеќе грешки, за меѓународната поетска награда „Мостови на...

Вечерва ќе ја емитуваме новогодишната епизода на емисијата „Шорткат“

Во новогодишната епизода на емисијата „Шорткат“ направивме избор на темите за кои информиравме во 2022 година, за кои остваривме импакт изминатава година, но и за кои треба уште многу да се работи за да се решат проблемите во наредните 365 дена. Краткиот преглед на теми не беше лесен, земајќи го во предвид фактот дека годинава емитувавме 48 епизоди на...

Во „Шорткат“ денеска ги пренесуваме барањата на младите за зелени општини

Барањата на младите за зелени општини се главна тема во денешната епизода на „Шорткат“. На оваа тема разговаравме со две млади лица од скопските општини Чаир и Аеродром, како и со одговорните лица од здружението „Гоу Грин“. За барањата кои младите од четири општини ги имаат кон градоначалниците за новата 2023 година ќе информираме вечерва. Во емисијата информираме за одлуката...

Во „Шорткат“ вечерва го третираме развојот на алтернативен туризам во Малешевијата

Во најновата епизода на „Шорткат“ како главна тема ги третираме можностите што ги нуди алтернативниот туризам во Малешевијата, од каде имаме снимки и изјави на ентузијасти кои основале свои зелени бизниси во овој регион и се обидуваат да ги привлечат младите кон нивен развој. Во „Шорткат“ вечерва ќе информираме и за одржаната дебата за млади на тема „Сајбер насилство: Последици...

Во „Шорткат“ разговараме за еколошки одржлива мода со дизајнерката Мирјана Јосифоска

Македонска дизајнерка која креира шапки и користи рециклирани материјали при нивната разработка е главна тема на најновата епизода на емисијата „Шорткат“ што ќе ја емитуваме денеска. Разговаравме со модната дизајнерка Мирјана Јосифоска и повеќе детали за нејзината работа ќе може да погледнете во најновото издание на емисијата за млади. Покрај ова, во „Шорткат“ информираме и за тоа како помина одбележувањето...

Сајбер безбедноста и човековите права на Интернет во фокус на новата епизода на „Шорткат“

Институциите не успеале правилно да комуницираат за сајбер нападите што погодија повеќе државни интернет-страници изминативе месеци. Во новата епизода на Шорткат, во која главна тема се сајбер безбедноста и човековите права на Интернет, претставуваме дел од резултатите од истражувањето на Фондацијата Метаморфозис. Покрај ова, информираме и за два од најголемите проблеми во главниот град периодов - сообраќајниот хаос и аерозагадувањето. Носиме...

Митови и дезинформации за сеопфатното сексуално образование во новата епизода на „Шорткат“

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ која ќе се емитува вечерва со почеток во 19 часот ќе прикажеме дел од рубриката „Зошто (не) е така?“ во која тема е сеопфатното сексуално образование. За најраспространетите дезинформации и митови за сексуалното образование во училиштата зборуваат Катерина Иванова од ХЕРА, психологот Радмила Живановиќ и новинарката и активистка Рита Бехадини. Дел од другите содржини...

Нова епизода на „Шорткат“: Театар со сенки против мали хидроцентрали

Театарот „Сенки и облаци“ е единствениот театар што работи претстави со сенки во земјава. Дел од нивните проекти вклучуваат подигање на свеста кај граѓаните за теми како репродуктивно и сексуално здравје, инклузија и заштита на животната средна. За новиот проект за претставата со сенки против малите хидроцентрали погледнете во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за бурните реакции во јавноста по...

Нова епизода на „Шорткат“: Расте интересот кај младите да бидат оџачари

Расте интересот кај младите за да бидат оџачари. Како изгледа чистењето оџаци на терен и какво е искуството што го стекнуваат учениците преку неформалното образование дознаваме во новата епизода на „Шорткат“, каде, покрај учениците кои се дел од обуките, зборува и единствената дипломирана оџачарка во земјава – професорката Јасмина Атанасова Симјановска и претседателот на Оџачарската комора во Баварија, Германија,...

Младинскиот еко-активизам главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Како младите можат да се вклучат во креирањето на решенија за одржливо и зелено општество и како да учествуваат во донесувањето на одлуки важни за нивната иднина погледнете во новата епзиода на емисијата „Шорткат“, во која главна тема е еко-активизмот. Покрај ова, во 59-тото издание на вестите за млади информираме за случувањата околу лажните пријави за бомби, како и за...

Битолчани на протест за смртта на Јана: „Немаме солзи да ви ги исплачиме гревовите“

Под мотото „Правда за Јана“, „Сите сме Јана“ на плоштадот „Магнолија“ во Битола се одржа протест за смртта на шестгодишното девојче кое минатата среда почина на детското одделение во...