„Шорткат“ за изложбата Станица Пропаганда

Новата епизода од вестите за млади ќе биде објавена вечерва во 19:00 часот

Во новата епизода на „Шорткат“ ќе ве запознаеме со Станица Пропаганда – нова комплексна инсталација и програма во живо на холандскиот уметник Јонас Стал, која ја истражува врската на уметноста и културата со доминантните форми на современата пропаганда.

Во вестите за млади информираме и за сајбер насилството кое зема замав во земјава, како и за проблематичната Европска младинска картичка.

Јавуваме и за преполовениот капацитет на Младинскиот културен центар, откако им истекле договорите на 30 луѓе кои биле ангажирани како хонорарци, па поради ова се откажуваат настани и работилници и се затвора Планетариумот.

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Фејсбук и Јутјуб.