fbpx

Руско Министерство за одбрана: Соборени 68 украински беспилотни летала над Краснодар и Крим

Од друга страна, руските сили го нападнале западниот украински регион Лавов со крстосувачки ракети и балистички ракети Кинжал во раните утрински часови во саботата

-

Армијата синоќа пресретнала 68 украински беспилотни летала во јужниот руски крај Краснодар и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.

Според тоа министерство, 66 беспилотни летала биле соборени над територијата на Краснодарската област и два над полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.

„Тие се обидоа да ги нападнат нафтените рафинерии и инфраструктурата. Според информациите од местото на настанот, нема повредени или сериозни штети“, напиша на Телеграм гувернерот на Краснодарската област Вењамин Кондратиев.

Украинската армија во последните месеци ги засили нападите со беспилотни летала на руска територија, а мети се претежно енергетски објекти.

Од друга страна, руските сили го нападнале западниот украински регион Лавов со крстосувачки ракети и балистички ракети Кинжал во раните утрински часови во саботата, оштетувајќи ги критичните локации на енергетската инфраструктура во два окрузи во регионот, пренесе Укринформ.

Ова на Телеграм го објавил Максим Козицки, шеф на воената администрација во регионот.

„За време на воздушната тревога, која траеше во регионот Лавов од 03:58 до 06:02 часот, нашиот регион беше погоден со крстосувачки ракети од различни типови и хиперсонични ракети Кинжал. Војниците на воздушната команда Запад соборија три крстаречки ракети. За жал, има и погодени места“, напиша тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оставки во СДСМ по изборниот пораз, калкулации во ВМРО-ДПМНЕ за коалиции во идната влада

Потпретседателите на СДСМ Перо Костадинов и Фатмир Битиќи вчера вечерта, по објавувањето на прелиминарните резултати од парламентарните избори поднесоа оставка од партиските функции, а Битиќи побара тоа да го...