fbpx

Украинска амбасада: Путин е нелегитимно изгласан за претседател

Во соопштение, украинската амбасада на С. Македонија истакнува дека спроведувањето на претседателските избори во окупираните територии на Украина ги делегитимизира резултатите на изборите

-

Спроведувањето на претседателските избори во Русија во окупираните територии на Украина ја прави победата на Владимир Путин нелегитимна, пишува украинската амбасада на С. Македонија во соопштение, во кое се подвлекуваат ставовите на украинското министерство за надворешни работ.

Имено, претседателските избори биле спроведени и во Донецката, Луганската, Запорижската и Херсонската област, во Автономната Република Крим и градот Севастопол, што претставува „ кршење на општо признатите норми и принципи на меѓународното право“, според амбасадата. Во Советот на Европа неодамна се изгласаа резолуции кои ја потврдија нелегитимноста на спроведувањето на изборите во окупираните територии.

Дополнително, според амбасадата, прекршени се и Повелбата на Обединетите нации, Декларацијата за принципите на меѓународното право, Женевската конвенција за заштита на цивилното население во време на војна, Завршниот акт на Конференцијата за безбедност и соработка во Европа, како и десетици резолуции на Генералното собрание на ОН.

Според амбасадата, многу од украинските гласачи биле принудени да гласаат со закани и уцени. А потоа, режимот на Кремљ „го користи учеството на гласачите и резултатите од гласањето за да ја оправда воената инвазија на Украина и агресивната политика кон другите држави.“

Згора на тоа, во соопштението се истакнува потерницата на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Владимир Путин, што уште повеќе ја става во прашање правната основа за неговото претседателство.

„Со инаугурацијата на Путин, руската влада се обидува да создаде за целиот свет и нејзините граѓани илузија на законитоста на речиси доживотното останување на власт на личност која ја претвори РФ во држава агресор, а владејачкиот режим во диктатура“, пишува во соопштението, кое ги повикува странските земји, меѓународните организации и јавноста да не ги признае резултатите на овие избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Словенечкиот премиер е надвор од животна опасност, но останува на интензивна нега

Словачкиот премиер Роберт Фицо веќе не е во животна опасност, но останува на интензивна нега четири дена откако беше застрелан од вооружен маж, изјави заменик-премиерот на земјата, а пишува...