fbpx

Израелската армија го окупира граничниот премин Рафах

Прекинат е протокот на добра преку преминот, меѓу кои е и неопходната хуманитарна помош

-

Израелските сили соопштија дека ја презеле контролата врз преминот Рафах од страната на Газа. Израелски воен претставник потврдил дека Израел воспоставил оперативна контрола на палестинската страна на преминот Рафах, кој граничи со Египет во јужниот дел на Газа, пренесува Гардијан.

Портпаролот на граничниот премин Газа изјавил за новинската агенција Ројтерс дека преминот Рафах е затворен поради присуството на израелски тенкови. Ова е значајно бидејќи преку него се внесува хуманитарна помош во Газа.

Истовремено, Хамас изјави дека прифатиле договор за размена на затвореници, кој бил напишан од Египет. Но, Израел вели дека договорот не ги исполнува основните барања на Израел. Имено, Хамас сака со договорот да се воспостави траен прекин на огнот, додека Израел сака да има привремено примирје и потоа да продолжат со својата воена операција со која сакаат да ги елиминираат Хамас.

Во меѓувреме, Министерството за здравство на Газа објави нови податоци за жртвите, велејќи дека при нападот на Израел на територијата загинале 34.789 Палестинци, а биле ранети 78.204 луѓе.

Се верува дека уште многу лица кои се сметаат за исчезнати се всушност мртви под урнатините по повеќемесечното воздушно бомбардирање од страна на израелската војска.

Џејмс Елдер, портпаролот на УНИЦЕФ говореше за хуманитарната криза, за децата во Рафах и појасот Газа на прес-конференција во Женева.

„Секое предупредување. Секоја слика на убиени и повредени деца. Секоја потресна приказна за крвопролевање и очај. Секој зачудувачки податок за огромниот број на убиени деца и мајки. Уништени се семејните домови и болници. Сето тоа е игнорирано. Нашите најлоши стравови, кошмарот на Газа, се чини дека се реалност“, кажа Елдер.

ИзворThe Guardian

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Стара невистинита вест дека пијан Србин убил ајкула во Египет, преку руски медиуми стаса и кај нас

Уште во 2010 година Дејли Мејл пишува за лажниот настан на српски турист, кој убил ајкула која ги плашела туристите во египетскиот туристички центар Шарм ел Шеик. Приказната станала интернет...