„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Не пропуштајте ја новата епизода на вестите за млади

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ – млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од желбата да помогнат на свои блиски кои имаат дијабетес, Ѓорѓина и Марио ги искористиле развојот на технологијата и можностите кои ги нуди за да понудат решение за еден медицински проблем.

Покрај ова, информираме за ревизорскиот извештај за функционирањето на студентските домови и за протестот на студентите и професорите на ФИНКИ околу немањето доволно простор за соодветно одржување на наставата.

Претставуваме и две мобилни апликации за сајбер насилство и поголема сајбер безбедност.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот.