fbpx
Таг: Шорткат

таг: Шорткат

Вечерва во „Шорткат“ дознајте повеќе за видеоиграта „Скопје“

Видеоиграта „Скопје“, чиешто демо беше претставено на еден од најреспектираните гејминг-фестивали „Pax West“ во Сиетл, е во фокус на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“. Разговараме со креаторот на играта, програмерот Кристијан Трајковски. Носиме вести и за рокот за пријава на нашата работилница за млади новинари кој истекува вечерва, како и за опасните дезинформации што и понатаму се шират...

Митови за сајбер хигиена и заштита на приватноста онлајн во новата епизода на „Шорткат“

Темата „сајбер хигиена“ е преполна со митови и заблуди што може да нè направат ранливи на онлајн заканите. Во новата епизода на Шорткат разоткриваме дел од вообичаените митови на оваа тема и ги одвојуваме фактите од фикцијата. Носиме и низа вести за студентите –за дезинформирањето околу греењето во студентскиот дом „Стив Наумов“, за новоизбраната студентска правобранителка на УКИМ, а ќе...

„Шорткат“: 2023 – најтоплата година досега?

Европско истражување покажува дека планетата се загреала за речиси 1,2 Целзиусови степени над просечните температури, а за научниците веќе е практично сигурно дека годинава ќе биде најтоплата во последните 125.000 години. Ова ќе влијае на целиот биодиверзитет, а за последиците ве информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за младинската невработеност која се најде во...

„Шорткат“: На Шар Планина се случува екоцид

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк не ги запре несовесните граѓани да фрлаат отпад насекаде во природата. Повеќе за овој екоцид информираме во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади неделава носиме информации и за студентите – во тек е конкурсот за стипендии за редовните студенти, а формиран е и новиот состав на Универзитетското студентско собрание на УКИМ. Дознајте...

Аерозагадувањето во фокус на вечерашната епизода на „Шорткат“

Новата епизода на „Шорткат“ ја емитуваме вечерва, а во неа главна тема е актуелниот проект на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за справување со загадувањето на воздухот во пет македонски општини. Покрај тоа што ќе може да дознаете повеќе за справувањето со аерозагадувањето, во „Шорткат“ вечерва информираме и за резултатите од конкурсот за краток хорор расказ што годинава...

„Шорткат“: Дали телефонот нè прислушува?

Дали телефонот нè прислушува, беше прашањето што привлече големо внимание и дискусија меѓу експерти и десетици млади на првиот „Сајбер Шејк“ настан што се одржа минатиот четврток. Одговорите може да ги дознаете вечерва во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади информираме и за тоа до каде е вселувањето на студентите во новиот тетовски студентски дом. Ве водиме и на...

„Шорткат“ за дигитализацијата на полагањата државни и меѓународни тестови

Кога во прашање е дигитализацијата на процесот на полагање државни и меѓународни тестови, кои за нашите ученици се обврска – мнозинството училишта во државата не се соодветно опремени со компјутери, иако меѓународните организации што ги спроведуваат тестирањата инсистираат на електронско, наместо хартиено полагање. За тоа што е потребно да се направи за овој систем да биде пофункционален, разговараме со...

„Шорткат“: Иновативни еко-плочки од селектирана пластика во Гевгелија и Кочани

Како отпадната пластика во Гевгелија и Кочани се претопува во иновативни еко-плочки за надворешна употреба, може да дознаете во новата епизода на „Шорткат“ што ќе биде објавена вечерва. Во новите вести за млади информираме за нашето учество на фестивалот Џифони Македонија, а го најавуваме и Конкурсот за краток хорор расказ кој го распишавме четврта година по ред. Ја носиме и веста...

„Шорткат“: Дали и колку младите се ранливи на дезинформации?

Со Петра Балажич од словенечкиот Центар за европски перспективи разговаравме за тоа дали и колку младите се ранливи на дезинформации и што треба да се преземе за да се зголемат свесноста и отпорноста на младите кон ширењето дезинформации онлајн. Најважното од разговорот може да го погледнете вечерва во новата епизода на „Шорткат“. Во вестите за млади неделава информираме за почетокот...

„Шорткат“ во Батинци: Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла

Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла утврди Државниот инспекторат за животна средина. Екипата на „Шорткат“ го посети селото Батинци, чии жители со години живеат близу депонијата, кои се пожалија на штетното влијание на загадувањето врз нивните животи. Повеќе за ова во новите вести за млади. Третираме уште една тема од животна средина, а тоа е скопското аерозагадување кое се...

Емисијата за млади „Шорткат“ слави јубилеј од 100 епизоди

Емисијата „Шорткат“ вечерва ќе се емитува по 100-ти пат, како препознатлив бренд кај младите за доверлив и кредибилен извор на информации. Во оваа јубилејна епизода како главна тема го третираме недостигот на дигитализација во процесот на вселување во студентските домови во Скопје, поради што секоја година се создаваат редици од студенти при приемот на собите во домовите. Во „Шорткат“ информираме...

Во „Шорткат“ денеска ќе разјасниме што се тоа фишинг напади

Што се тоа фишинг напади, зошто се опасни за нас како корисници на интернетот и што треба да направиме за да се заштитиме од ваквите напади, се главната тема за која ќе зборуваме во вечерашната епизода на „Шорткат“. Во „Шорткат“ информираме и за алармантните бројки на починати деца и тинејџери од загадениот воздух во Европа и Централна Азија, за која...

Митовите за родова еднаквост и родов идентитет во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

Реакциите за предлог–измените на два закона, за матична евиденција и за родова рамноправност, како и дезинформациите што се ширеа и кои ги збунија граѓаните, се во фокусот на новото издание на емисијата „Шорткат“. Најпознатите митови за родова еднаквост и родов идентитет, ги коментираат собраниската пратеничка Санела Шкријељ, активистиката Лила Милиќ и Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини. Во новите вести, простор отстапуваме...

Шорткат: Како функционира автобуското метро во Римини, а кое во Скопје две години се блокира?

Во новата епизода на Шорткат ќе може да погледнете како функционира автобуското метро во италијанскиот град Римини, кое претставува пример за тоа како би функционирал ваквиот алтернативен јавен превоз кој веќе две години е закочен со реализацијата во Скопје. Во вечерашната емисија информираме и за почетокот на новата учебна година, како и за новата светска платформа со информации за климата...

Шорткат: Колку е подготвена државата за справување со климатските промени?

Климатските промени со кои се соочува и нашата земја недоволно го привлекуваат вниманието на властите. За подготвеноста на државата на локално и национално ниво да се справи со климатските промени, зборуваме во новата епизода на „Шорткат“. Ја носиме и веста за матурантите кои постигнаа најдобри резултати на државната матура годинава, а информираме и за отворениот повик за признанието „Успешни млади“. Во...

Шорткат ја носи приказната за кучето Медена – симбол на издржливоста

Приказната за кучката Медена која стана симбол за кроткост и издржливост во Струга, и за скулптурата со која светски познатата уметница Лида ја овековечува Медена, погледнете ја во новата епизода на „Шорткат“ – нашите вести за млади. Во најновото информативно издание носиме податоци за извршените здравствени услуги и активности кои ги побарале младите минатата година, за решавањето на проблемот со...

„Шорткат“: Првата зелена комуна во селото Белица

Заедницата на кичевското село Белица се фокусира на формирање на првата зелена комуна за да може заеднички да обезбеди одржлив развој, искористување на обновливи извори на енергија, еко-туризам и да го поттикне враќањето на жителите во своите стари огништа. Повеќе за оваа иницијатива објавуваме во новата епизода на „Шорткат“. Во новите вести за млади информираме за тоа до каде е...

„Шорткат“: Изум на тројца матуранти за комуникација со глувонеми лица

Овозможување на глувонемите лица полесно да комуницираат со лицата кои можат да слушаат и да зборуваат. Ова е изумот на тројца перспективни матуранти од училиштето „Михајло Пупин“, со можност за превод на знаковниот јазик во текст, преку посебен изум - дигитална ракавица. Тројцата ентузијасти - учениците Никола Бансколиев, Владимир Вешоски и Владимир Донев, во новата епизода на „Шорткат“ говорат за...

Заштитата на реката Вардар главна тема во новата епизода на „Шорткат“

Долното течение на реката Вардар кое минува низ Демиркаписката клисура стана дел од проектот „Заедно за реките“ – регионална иницијатива на светската организација за заштита на природата The Nature Conservancy и шест граѓански организации од балканските земји, меѓу кои и „Еко Свест“. Повеќе за иницијативата и искуствата на балканските земји во заштитата на реките ќе дознаете во вечерашната епизода...

Наместо електронско поднесување, Град Скопје бара нотарска изјава за субвенции за велосипеди

Изјава заверена на нотар бара Градот Скопје за лицата кои годинава аплицираат за да добијат субвенција за купување велосипед. Ова не било практика во последниве години, туку се воведува од годинава. Големи реакции за ова можат да се видат од скопјани на социјалните мрежи, каде граѓаните реагираат дека наместо да се воведуваат електронски апликации, се оди чекор наназад, па...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...