Митовите за родова еднаквост и родов идентитет во фокусот на новата епизода на „Шорткат“

„Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи Инстаграм, Јутјуб, ТикТок и Фејсбук

Реакциите за предлог–измените на два закона, за матична евиденција и за родова рамноправност, како и дезинформациите што се ширеа и кои ги збунија граѓаните, се во фокусот на новото издание на емисијата „Шорткат“. Најпознатите митови за родова еднаквост и родов идентитет, ги коментираат собраниската пратеничка Санела Шкријељ, активистиката Лила Милиќ и Драгана Дрндаревска од Коалиција Маргини.

Во новите вести, простор отстапуваме и за тоа како климатските промени влијаат на опстанокот на пчелите. Промените на климата, преку температурните осцилации, сушите и поплавите, вршат огромен притисок врз опстанокот на пчелите. Како последица на тоа, пчелите имаат проблеми при снабдувањето со храна, стануваат поранливи на предатори и болести и се уништуваат нивните живеалишта.

Секако, неизоставен дел од емисијата „Шорткат“ се токму младите. Во емисијата информираме и за јавниот повик до младите од Чаир, Аеродром, Кисела Вода, Куманово, Гостивар и Прилеп што го објави здружението „Гоу Грин“, да достават свои идеи со кои ќе придонесат да општините во земјава бидат позелени.

„Шорткат“ ќе се емитува вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи Инстаграм, Јутјуб, ТикТок и Фејсбук.