Аерозагадувањето во фокус на вечерашната епизода на „Шорткат“

Новата епизода на „Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот

Новата епизода на „Шорткат“ ја емитуваме вечерва, а во неа главна тема е актуелниот проект на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) за справување со загадувањето на воздухот во пет македонски општини.

Покрај тоа што ќе може да дознаете повеќе за справувањето со аерозагадувањето, во „Шорткат“ вечерва информираме и за резултатите од конкурсот за краток хорор расказ што годинава по четврти пат го организираше Мета.мк, како и за функционирањето на новиот систем „Е-дневник“.

Во вечерашната 106-та епизода информираме и за најновата анкета спроведена меѓу младите од Гоу Грин, на која тие одговараат за учеството на младите во зелените политики на локално ниво.

„Шорткат“ ќе биде објавена вечерва во 19 часот на нашите канали на Инстаграм, ТикТок, Јутјуб и Фејсбук.