„Шорткат“ во Батинци: Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла

Новите вести за млади ќе бидат емитувани вечерва во 19 часот

Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла утврди Државниот инспекторат за животна средина. Екипата на „Шорткат“ го посети селото Батинци, чии жители со години живеат близу депонијата, кои се пожалија на штетното влијание на загадувањето врз нивните животи. Повеќе за ова во новите вести за млади.

Третираме уште една тема од животна средина, а тоа е скопското аерозагадување кое се најде во етаблираниот медиум „Гардијан“ со наслов: „Воздухот мириса на изгорена пластика“.

Ги носиме најновите информации за процесот на вселување во студентските домови, а најавуваме и настан за сите гејмери.

Новата епизода на Шорткат доаѓа вечерва во 19 часот, на сите наши канали на социјалните мрежи.