четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: животна средина | 191 резултати

Чист воздух, зелена општина, функционални инспекции, гасна централа – во Аеродром се нуди мед и млеко за глас

октомври 9, 2025

Чистење депонии, повеќе зеленило, без бетонизација, силни инспекции, субвенции, енергетска ефикасност, комунална полиција, тужби и стотици километри инфраструктура и гасни централи … понудата на кандидатите за иден градоначалник на Општината Аеродром во Скопје од Коалициите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и на Левица, е, благо речено, разновидна. Најголемиот дел од проектите се и претходно ветувани, но има […]

Македонија пет години го одложува законот за климатска акција, иако е главна алатка за борба со климатските промени

август 27, 2025

Македонија нема закон за климатска акција, ниту, пак, Национален план за адаптација на климатските промени, не се знае колкави се емисиите на стакленички гасови, ниту пак какви се ефектите од мерките кои досега ги предвидела државата. Институциите се некоординирани во активностите за заштита од климатските промени, и иако земјата е во групата на сериозно ранливи […]

Кривична пријава против две лица за загрозување на животната средина со отпад

јули 30, 2025

Основното јавно обвинителство Скопје во координација со СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поведе постапка против две физички и едно правно лице за кривично дело – Загрозување на животната средина и природата со отпад од член 230 од Кривичниот законик. „Полицијата денеска поднесе кривична пријава против сопственичката и неформалниот сопственик на правното […]

Меџити: Управувањето со отпад и чистењето на дивите депонии се врвен приоритет

мај 29, 2025

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска се обрати на 6. Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA. Во своето излагање, Меџити нагласи дека одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија се меѓу […]

Студенти развија апликација за следење на жешките точки и еколошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро

февруари 14, 2025

Група студенти разви веб-апликација која овозможува интерактивно прикажување на биолошкиот статус на Охридското и Преспанското Езеро. Оваа апликација е создадена да ги прикаже клучните еколошки параметри и податоци за двете езера низ годината кои произлегуваат од работата на Хидробиолошкиот завод Охрид, соопштија од Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) – организацијата реализатор на […]

Животната средина во 2024: Нерешлива равенка за институциите

јануари 1, 2025

Загаден воздух, диви депонии и ѓубришта, реки заробени во мали хидроцентрали, многу вредни природни богатства сѐ уште незаштитени, опасности за биодиверзитетот, континуирана девастација на Охридскиот Регион и историски жаришта. Приликите во 2024 година во животната средина не може да се рече дека се многу поразлични од годините предходно, а и понатаму ова не се врвните […]

Животната средина бара поголемо внимание од властите, констатира новиот извештај на ЕК

ноември 2, 2024

Животната средина и годинава не била меѓу топ приоритетите на власта. Најновиот извештај на Европската комисија за напредокот на Северна Македонија кон ЕУ нотира дека земјава не е целосно усогласена со повеќе Директиви од европското законодавство, а во изминатиот период не направила многу за тоа да се промени. Нема подобрување ниту во капацитетите на институциите, […]

Без напредок во усвојување нови закони кои произлегуваат од поглавјето за животна средина и климатски промени

октомври 8, 2024

Напредокот во усогласувањето на националното законодавство со европското сè уште се одвива бавно, а во последната година скоро и да нема напредок во усвојување на нови законски прописи кои произлегуваат од поглавјето за животна средина и климатски промени. Потребно е да се усвојат сите закони и навремено да се транспонираат ЕУ регулативите, што е особено […]

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

април 23, 2024

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“. За потребите на ТВ емисијата со наслов „Кревките шуми“ наградените автори Александар Методијев и Сузана Мицева ги следат трагите на големи […]

Бавни и задоцнети еколошки проекти во годината што измина

јануари 6, 2024

Заштитата на животната средина и во 2023 година не беше меѓу врвните приоритети на македонските политичари. Традиционално, децениските проблеми со недостатокот на финансии, на капацитети во институциите и на конкретни проекти кои даваат видливи резултати, се повторија и во изминатите 12 месеци. Оние проекти, пак, кои се отпочнати и се во тек, се реализираа бавно […]

Ученици и наставници во Шуто Оризари учеа за климатските промени и заштита на животната средина

јануари 5, 2024

Најмалку 150 ученици Роми од основните и средното училиште во Шуто Оризари учествуваа во работилници за подобрување на нивното здравје, за климатските промени и за заштита на животната средина. Работилниците за подигнување на јавната свест и за подобрување на капацитетите, знаењето и вештините на учениците за поврзаноста на климатските промени, здравата околина за живеење и […]

ФИТР и УСАИД почнуваат обука за млади за зелени работни места

декември 20, 2023

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска објави нов предизвик за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”. Предизвикот се спроведува во партнерство со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за […]

Отровниот воздух убил повеќе од 500.000 луѓе во ЕУ во 2021 година

ноември 24, 2023

Нечистиот воздух убил повеќе од половина милион луѓе во Европската Унија во 2021 година, покажуваат проценките што ги пренесува „Гардијан“. Околу половина од смртните случаи можело да се избегнат со намалување на загадувањето до границите препорачани од лекарите. За првпат, Европската агенција за животна средина го процени целосниот товар на болести што ги носи загадениот […]

ЕБОР одобри кредит од 9 милиони евра за инклузивност на младите и зелени финансирања

ноември 23, 2023

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од ЕУР 9 милиони наменет за ПроКредит Банка. ЕБОР одобри 2 милиони евра од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв […]

Околу 1,2 милиони садници се предвидени за пошумување до март наредната година

ноември 4, 2023

Еден милион и двеста илјади садници се предвидени за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Акцијата која започнува од овој месец и ќе трае до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, […]

Кривична пријава за 23-годишна скопјанка за тргување со отпад

октомври 24, 2023

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднело кривична пријава против Р. Д. (23) од Скопје поради основано сомнение за сторено кривично дело „Загрозување на животната средина и природата со отпад”, соопшти МВР. Од полицијата известија дека при извршена контрола на 27 јули годинава од страна на полициски службеници и инспектори од Државен […]

Емисиите на јаглерод диоксид не може да се решат само со пошумување

октомври 12, 2023

Не е точно дека во светот не се садат дрвја за да се намали емисијата на јаглерод диоксид, но таа мерка не е единствената која е доволна. Не е точно ниту дека елити создаваат природни катастрофи со цел да го контролираат населението и потоа да нудат решенија со кои им се намалуваат слободите на граѓаните. […]

Аврамоска Мадиќ: Екоцидот ќе се казнува со најмалку 10 години затвор

октомври 3, 2023

Зачестената присутност на еколошкиот криминал е глобален проблем кој мора да се решава на различни начини преку ефикасни правни механизми, рече денеска заменик-министерката за правда, Викторија Аврамоска Мадиќ на обуката „Ефективни практики за еколошка правда“, финансирана од ЕУ во рамките на проектот „Зелена претставка за еколошка правда“. Аврамоска Мадиќ се осврна на измените во Кривичниот […]

„Шорткат“ во Батинци: Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла

септември 28, 2023

Загадување на Маркова Река од депонијата Дрисла утврди Државниот инспекторат за животна средина. Екипата на „Шорткат“ го посети селото Батинци, чии жители со години живеат близу депонијата, кои се пожалија на штетното влијание на загадувањето врз нивните животи. Повеќе за ова во новите вести за млади. Третираме уште една тема од животна средина, а тоа […]

Усвоени итни владини мерки за рехабилитација на природното и културно наследство на Охридскиот регион

септември 26, 2023

Владата на денешната седница ја разгледа и ја усвои Информацијата за потребата од преземање на итни мерки за рехабилитација на светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Владините заклучоци се донесени по посочувањето од предлагачот, Министерството за култура, на препораките од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО, потенцирани од Комитетот за светско наследство при УНЕСКО. […]

Страна 1 од 10