Околу 1,2 милиони садници се предвидени за пошумување до март наредната година

Акцијата која започнува од овој месец и ќе трае до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела

Image by Hans Linde from Pixabay

Еден милион и двеста илјади садници се предвидени за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Акцијата која започнува од овој месец и ќе трае до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб, чемпрез, јасен, костен и ела.

Фото: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство

Ова го најави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој денеска заедно со министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски, директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и претставници на општествено одговорни комапнии и граѓански организации, на одбележувањето на почетокот на годинешната голема акција за пошумување.

„Од аспект на животна средина дрвјата и шумите се многу повеќе од економски потенцијал. Ние шумите ги гледаме како екосистеми, а нивната еколошка димензија е многу голема и многу важна“, истакна министерката Шукова.

Директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски рече дека решавањето на проблемите со глобалното затоплување и секвестрација на јаглеродот, ефектот на стаклена градина е значаен фактор за сегашната климатска криза.

„На почетокот на 21 век интересот за пошумување израсна над неговиот потенцијал. Видот на садниците со кои ќе се пошумува на површините е одреден од нашите стручни лица земајќи ги во предвид природните, почвените и еколошките карактеристики на површините“, истакна Груевски.

Деканот на факултетот за шумарски науки пејзажна архитектура и екоинжирнг Ханес Ем Кирил Сотировски рече дека од успешни пошумувања зависи иднината на планетата, а не само на регионот и државата.

Министерот Николовски во своето излагање истакна Зелената транзиција е еден од петте клучно поставени приоритети за работа на министерството, а пошумувањето е една од целите за успешно реализирање на зелените принципи.