fbpx

Народна банка: Годишен раст на зелените кредити од 26 отсто

„Зелените кредити“ се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање на нова еколошка технологија

-

Во првиот квартал од 2024 година кај „зелените кредити“ се забележува годишен раст од 26,37 отсто, покажуваат податоците што ги објави Народната банка.

Во споредба со крајот на 2019 година, кога започна прибирањето и објавувањето на овие податоци, пак, овие кредити се зголемени за 2,8 пати.

Таканаречените „зелени кредити“ се заеми наменети за проекти коишто поддржуваат одржливи, еколошки цели или цели коишто придонесуваат за зелената транзиција во општеството, како што е развивање на нова еколошка технологија.

Податоците на Народната банка покажуваат дека на крајот од првото тримесечје од годинава, состојбата на зелените кредити во билансите на банките изнесува 19.860 милиони денари. Состојбата на кредитите одобрени на компаниите изнесува 18.771 милион денари, додека на домаќинствата изнесува 1.089 милиони денари.

За споредба, на крајот на 2019 година тие изнесувала 7.176 милиони денари.

Расте и уделот на зелените во вкупните кредити, иако од Народната банка велат дека сѐ уште е на ниско ниво. Од крајот на 2019 година, заклучно со првото тримесечје од 2024 година, учеството на зелените во вкупните кредити е зголемено од 2,2 на 4,5 отсто.

„Народната банка, препознавајќи ги ризиците од климатските промени на долг рок, зазеде проактивен став и како една од своите стратегиски цели ја постави зголемената свесност за климатските промени и придонесот кон зелената одржлива економија. Преку низа активности, нашата централна банка придонесува за поттикнување на зеленото финансирање, вклучувајќи ги и монетарните мерки“, велат од Народна банка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства заедно

Податочните центри во Ирска потрошиле повеќе струја од сите домаќинства во државата заедно, пренесува Гардијан. Според Државниот завод за статистика на Ирска, податочните центри искористиле 21 отсто од електричната енергија...