недела, 12 април, 2026
Meta.mk

Ознака: Каја Шукова | 31 резултати

За да биде правична, идеите за енергетската трансформација треба да потекнат од граѓаните 

јануари 9, 2024

Инвестициите во обновливи извори на енергија и во енергетската ефикасност, се двата основни столба на зелената енергетска транзиција. Овој процес мора да биде и праведен и транспарентен и да потекне првенствено од локалните заедници во двата региони, кичевскиот и битолскиот, кои се зависни од употреба на фосилни горива. Ова се само дел од поентите на […]

Обезбедени се 2,5 милиони евра за дочистување на малата депонија со линдан во ОХИС

јануари 8, 2024

Обезбедени се нови 2,5 милиони евра за довршување на чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС. Министерката за животна средина Каја Шукова информираше дека дел од парите се обезбедени од домашниот буџет, а дел се од донатор, со што се затвора финансиската конструкција за завршување со чистањето на оваа жешка точка. Сите средства кои […]

Шукова: Општините мора да имаат мерки против аерозагадување и да се посветат на нивна реализација

јануари 3, 2024

Општините да имаат Планови за воздух и да спроведуваат мерки за справување со аерозагадувањето, апелираше денеска министерката за животна средина Каја Шукова. Таа информираше дека во четири градови во земјава, Скопје, Битола, Куманово и Тетово се спроведува проект финансиран од Европската Унија, вреден 10 милиони евра, со кој ќе се заменат застарени системи за затоплување […]

Пропадна и последниот тендер за Чебрен, дведецениската сага продолжува

јануари 3, 2024

Пропадна и 14. тендер за изградба на хидроелектраната Чебрен на Црна река, откако грчката фирма „Архиродон“ не ја продолжи банкарската гаранција која истекла на 31 декември минатата година, со што дведецениската сага поврзана со изградбата на овој енергетски капацитет веројатно ќе има и петнаесетто продолжение. Министерката за животна средина, Каја Шукова денеска информираше дека понудата […]

„Ну, погоди!“, кој треба да преземе мерки против аерозагадувањето?

декември 26, 2023

Од централна на локална власт и обратно. Вака деновиве кружат обвинувања меѓу институциите на национално и на локално ниво во однос на тоа кој треба да преземе мерки за справување со високото ниво на загаденост на воздухот во македонските градови. Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во изјава за емисијата „Топ тема“ […]

Шукова: До јануари ќе се распише тендер за изградба на регионалната депонија во Свети Николе

декември 11, 2023

Најдоцна до јануари ќе биде распишан меѓународниот тендер за избор на компанија што ќе ја гради регионалната депонија и претоварните станици за Источен и Североисточен регион кај селото Мечкуевци, Општина Свети Николе. Ова денеска го најави министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова. Министерката информираше дека во финална фаза е подготовката на тендерската […]

Шукова: Опасниот отпад кај селото Орман е донесен од Пробиштип

ноември 4, 2023

Опасниот отпад што неодамна беше пронајден во близина на селото Орман на територија на општина Ѓорче Петров, е донесен од Пробиштип, информираше денеска министерката за животна средина Каја Шукова, посочувајќи дека се откриени незаконски дејствија во конкретниот случај. Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) пред десетина дена информира дека откриле околу 500 до 600 тони […]

Околу 1,2 милиони садници се предвидени за пошумување до март наредната година

ноември 4, 2023

Еден милион и двеста илјади садници се предвидени за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Акцијата која започнува од овој месец и ќе трае до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, […]

Шукова: Трендот на мали хидроцентрали треба да престане и да се насочиме кон ветерната и соларната енергија

септември 13, 2023

Градењето на мали хидроцентрали како енергетски објекти треба да престане, а инвеститорите повеќе да се насочат кон обновливите извори на енергија како што се ветерните паркови и фотонапонските централи. Министерката за животна средина Каја Шукова за Мета.мк вели дека државата ги почитува препораките на Бернската конвенција да не се издаваат концесии во заштитените подрачја, но […]

(ИНТЕРВЈУ) Шукова: Срамно е што немаме ниту една депонија по европски стандарди

септември 11, 2023

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервју за Мета.мк зборува за некои од најважните прашања за животната средина во земјата, а тоа се третманот на отпадот и отпадните води, процесите на воспоставување на основна инфраструктура по европски стандарди и за текот на изградбата на регионалните депонии и скопската пречистителна станица, како […]

Скопската пречистителна станица не се гради, се чека Градот Скопје да си ги заврши обврските

септември 10, 2023

Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје веќе требаше да започне, рокот е веќе изминат, но за да се случи ова, Градот Скопје треба да си ги исполни своите обврски, вели за Мета.мк министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова во интервјуто што ќе го емитуваме утре. „Треба да се завршат […]

Изградбата на пречистителната станица во Скопје ќе почне многу скоро, тврди министерката Шукова

јули 28, 2023

Пречистителната станица во Скопје ќе почне да се гради многу скоро, вели министерката за животна средина Каја Шукова и негира дека процесот е закочен. Таа тврди дека министерството има комуникација со градот Скопје и јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и дека тие учествуваат во работните тела. „Процесот не е замрзнат и прашање на време е […]

Шукова: Не знаеме дали за „Иловица-Штука“ ќе има арбитража, тоа е само претпоставка

јули 28, 2023

Не е невообичаено било кој министер да побара некоја одлука Владата повторно да ја разгледува, како што тоа беше случајот со одлуката за спојување на концесиите за рудникот за злато и бакар Иловица-Штукa, рече денеска министерката за животна средина, Каја Шукова. Таа посочи дека во моментов не се знае со сигурност дали за случајот ќе […]

Контраспин: Правото на личен став, па и на министерката Шукова, е домашен и меѓународен стандард, без оглед што мислат од „Еуромакс Рисорсис“

јули 17, 2023

Компанијата со седиште во Канада, која треба да ја реализира „најголемата инвестиција“ во државата од независноста – изградба на рудник, во реакцијата за изразен личен став на државен функционер (министерката за животна средина Каја Шукова), бара (апелира) од државните функционери да се воздржат од лични ставови, зашто тоа било прашање на однос меѓу влада и […]

Министерката Шукова ќе присуствува на протестот против рудникот Иловица-Штука

јули 14, 2023

Министерката за животна средина Каја Шукова ќе оди на утрешниот протест во Струмица, организиран од граѓанското здружение „Здрава Котлина“, против отворање на рудникот Иловица-Штука. Министерката денеска изјави дека лично е против отворање на рудник во земјоделски крај и дека производството на храна секогаш треба да биде приоритет во однос на високо загадувачки индустрии. „Утре ќе […]

Управување со отпад и со води – најтежок дел од билатералниот скрининг за животна средина

јули 7, 2023

Клучни согледувања од билатералниот скрининг за Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени, како дел од Кластер 4 покажаа дека државата е на добар пат, дека во некои области е во напредна фаза, но во други е во почетна или е соочена со силни предизвици во понатамошно усогласување на националното законодавство со европското. Ова […]

Шукова: Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден

јуни 1, 2023

Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден. Екстремните временски настани, исчезнувањето на видовите, уништувањето на шумите и исцрпувањето на виталните ресурси се само дел од алармантните знаци на еколошка нерамнотежа што мора итно да се реши. Ова го изјави денеска министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, на настанот организиран […]

ЕУ бара македонските власти итно да ги имплементираат проектите за управување со отпад на терен

јуни 1, 2023

Шефот за соработка на Делегацијата на ЕУ во земјава, Стефен Худолини го повтори ставот на Европската Унија до македонските институции под најитно да отпочнат со практична имплементација на проектите за управување со отпад на терен. Худолини денеска порача оти ЕУ за земјава издвојува значајни средства за животната средина, особено во делот за управување со отпад. […]

Шукова: Загадувањето на воздухот и климатските промени не познаваат граници

мај 24, 2023

Меѓународната и регионалната соработка се клучни во намалувањето на загадувањето на воздухот и ублажувањето на климатските промени, заради што во оваа проблематика мора да применуваме интегриран пристап, нагласи министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова на министерскиот панел на тема „Развивање заеднички пристап за управување со квалитетот на воздухот и ублажување на климатските […]

Шукова: Воспоставуваме подобра координација и поинтензивно вклучување на колективните постапувачи со отпад

април 28, 2023

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и претставниците на сите шест регистрирани колективни постапувачи со отпад во државата, денеска одржале консултативен состанок за усогласување и подобра координација на заедничките активности во управувањето со отпадот. Министерката Шукова ги информираше присутните за интензивирање на активностите за воспоставување на регионалните системи за управување со отпад, […]

Страна 1 од 2