fbpx
Таг: ЈП Национални шуми

таг: ЈП Национални шуми

Граѓаните да учествуваат во новата кампања за пошумување

Годинешната акција „Ајде да пошумуваме заедно“ има за цел засадување на 1.200.000 садници, во 19 региони, на 36 локации низ државата. До крајот на ноември, ќе се реализира на локации во Делчево, Берово, Куманово и Велес . „Годинешната акција, започнува од овој месец и ќе трае се до март 2024 година и опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни...

Околу 1,2 милиони садници се предвидени за пошумување до март наредната година

Еден милион и двеста илјади садници се предвидени за пошумување во годинешната голема акција за пошумување во 19 региони, на 36 локации низ државата. Акцијата која започнува од овој месец и ќе трае до март 2024 година, опфаќа пошумување на површина од над 400 хектари со повеќе различни видови садници како бел и црн бор, јавор, багрем, смрча, даб,...

Алармантна состојбата со пожарите: Сушата, ветерот и натпросечните температури се опасна комбинација

Нема ден да помине без информација за десетици пожари на отворено кои биле регистрирани од страна на Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на  ЦУК Стојанче Ангелов денеска упати апел до градоначалниците и граѓаните во земјава дека состојбата со пожарите на отворен простор е алармантна, а само во текот на вчерашниот ден имало 60 пожари. „И покрај вчерашното интензивно...

Расте побарувачката за огревно дрво, интерес има и кај оние што се греат на струја

Побарувачката на огревно дрво годинава е зголемена, но сепак во најголем процент потребите на консументите се задоволени. Ова е одговорот што го доби Мета.мк од ЈП „Национални шуми“ на нашето прашање за тоа колкав е интересот на македонските граѓани за огревно дрво пред претстојната грејна сезона. Согласно Програмата за работа на ЈП „Национални шуми“ за 2022 година, годинава ќе...

Годинава намален бројот на шумски пожари и за десетици пати намалена опожарената површина

По катастрофалните шумски пожари што ја зафатија лани земјава, годинава состојбата со превенирање на шумските пожари е драстично подобрена. Во првите шест месеци од 2022 година, во земјава се регистрирани 69 шумски пожари, при што опожарена била површина од 733,02 хектари, додека опожарената дрвна маса изнесувала 4.621 метри кубни, информираат за Мета.мк од ЈП Национални шуми. Во првото полугодие од...

Бесправната сеча на дрвјата цвета, дрвокрадците тешко стигнуваат до казни за кривичните дела [инфографик]

Живеат во една општина, но со дрвокрадство се занимаваат на територијата на друго населено место, оперираат во групи од 10 до 30 луѓе кои имаат ниски социјални стандарди, дејствуваат со возила „Лада Нива“ и камионети „ТАМ“, вооружени се и агресивни и добро организирани меѓу себе. Ова се најчестите карактеристики на дрвокрадците коишто ги пустошат шумите во земјава. Главен мотив...

Пожарите летово најголеми во изминатава деценија, проголтаа над 11.000 хектари шума [инфографик]

Шумските пожари коишто изминатово лето ја зафатија Македонија се најголемите во изминатава деценија. За само четири месеци, во периодот од јуни до септември 2021 година, имало 142 шумски пожари во кои биле зафатени 11.420 хектари површина под шума, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Поради обемот на настанатата катастрофа, ДЗС заедно со ЈП Национални шуми изработија дополнително статистичко...

Догодина ќе се пошумуваат околу 500 хектари, за повеќе засадени дрвја требаат финансии

Јавното претпријатие „Национални шуми“ догодина планира да пошуми површини на околу 500 хектари, при што планирано е да се засадат од 2.000 до 2.500 садници по хектар во земјава. Според податоците што ги добивме од ЈП „Национални шуми“, во изминативе 10 години во земјава се пошумувале од 400 до 600 хектари годишно од нивна страна. Ова значи дека и во...

Во странство потпишуваме договори, на терен уништувањето на шумите продолжува [инфографик]

Над 10.000 хектари шуми беа уништени од катастрофалните пожари што ја зафатија земјава во изминатава година. Ситуацијата беше крајно сериозна во текот на август, кога исклучително лошата комбинација на сушен период, продолжен топлотен бран со температури од 40 степени и силен ветар, предизвика опустошување на цели шуми во Малешевијата, ридовите околу Кочани и на други локации во земјава. Материјалната штета...

Шумите ни страдаат оти ги чуваат многу малку луѓе со оскудна опрема

Да се инвестира во превенција од пожари и нелегална сеча на дрва, да се опремат противпожарните бригади со нови возила и повеќе човечки кадар, да се модернизираат шумската полиција и шумочуварите, а во системот на заштита на шумите да се внесат нови технологии. Тоа се главните заклучоци од јавната дискусија насловена „Справување со заканите против шумите: Институционални капацитети“, во...

ЈП „Национални шуми“ започна вонредна акција за пошумување по пожарите, Заев и Хоџа први засадија дрвца

По големите шумски пожари што ја зафатија земјава изминатото лето, ЈП „Национални шуми“ ја започна вонредната програма за санирање на штетите. Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и директорката на ЈП „Национални шуми“ Јулиана Николова, денеска учествуваа во засадувањето со садници. Претпријатието го чекаше почетокот на поволните временски и сезонски услови, за...

Во заштита на шумите за пет години сме инвестирале само 480.000 евра, не е чудо што ги снемува

С.Македонија премалку инвестира во заштита на шумите, а краен резултат од ваквата негативна пракса е уништувањето на огромни пространства засадени под дрвја. Во изминативе пет години, трошоците и инвестициите за заштита на шумите во земјава изнесувале само 29.516.000 денари, односно скромни 480.000 евра. За разлика од ова, големите шумски пожари што ја зафатија нашата земја годинава предизвикаа штета од...

Шумските пожари предизвикаа штети од 31,1 милион евра, за пошумување на уништеното ќе требаат две години

Покрај тоа што се уништија едни од најубавите шумски предели во земјава и е предизвикана штета од околу 31,1 милиони евра, пожарите што годинава ја зафатија земјата предизвикаа катастрофа на шумскиот фонд, при што само за пошумување на уништените површини ќе требаат барем две години, велат за „Мета.мк“ од ЈП Национални шуми. Заклучно со 15 август, годинава биле опожарени површини...

Пожарите досега проголтаа 8.803 хектари шумска површина во земјава

Извештајот на Јавното претпријатие Национални шуми за штетите од овогодинешните пожари во земјава, заклучно со 15 август, покажува дека со пожарите била зафатена површина од 9.907 хектари, од кои 8.803 хектари отпаѓаат на површини со шуми или завршиле во шуми, при што изгореле 442.074 метри кубни дрвна маса, информираат од владината прес-служба. Владата на вчерашната седница го усвои Извештајот на...

Ублажена забраната за движење в шума – од денеска се бара специјална дозвола

Поради намалениот број на пожари и врнежите од пред неколку дена кои ја подобрија состојбата, ЈП „Национални шуми“ ја ублажува мерката за забрана за движење во шумите. Од денеска правните и физички лица ќе може да се движат во природа со однапред добиена дозвола, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, на денешната прес-конференција. „Ова се однесува...

Ќе требаат и до 50 години за да се обноват шумите што изгореа

Од две до пет децении се потребни за да се обноват уништените шуми и екосистеми кои настрадаа во пожарите. Штетата од беснеењето на пламените јазици на повеќе локации низ земјата од многу аспекти е немерлива. Значењето на шумите, во услови кога се справуваме со климатските промени и сите последици од нив за човекот, живиот свет и животната средина, е...

Од утре од 6 до 20 часот забрана за движење во шумите поради опасност од пожари

Јавното претпријатие „Национални шуми", поради зголемената опасност од појава на шумски пожари на отворен простор, како последица од зголемените температури, воведува делумна забрана за движење во шумите и по шумското земјиште со кои стопанисува, низ целата територија на државава. По претходно добиена согласност од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“ објави дека, од утре стапува во сила...

На Лешница природата страда, граѓаните и планинарите протестираат, ама малите ХЕЦ се градат

Лешница, алпската долина во срцето на шарскиот масив, заштитена со највисоките врвови на Шар планина – Титов врв, Бакрдан, Среден камен, Плат, досега посетувана најчесто од планинари, ловџии и љубители на природата, чиј заштитен знак се столетните елови и букови шуми, а низ неа тече и река Пена, како и Лешничка и Кривошиска река. Оваа природна убавина, досега речиси...

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...