среда, 10 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за земјоделство | 17 резултати

Министерството за земјоделство издвоило средства за порибување на Охридското езеро

декември 27, 2018

Иако веќе четири месеци Охридското езеро е без концесионер, нема рибочуварска служба, а нема ни целосна контрола врз изловувањето на рибниот фонд, сепак, Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство издвоило средства за порибување на езерото со личинки на Охридска пастрмка. На прашањето за тоа колкави финансиски средства се издвоени за порибувањето со охридска пастрмка на […]

„Повардарие“ ќе го исплати долгот кон лозарите до крајот на годината

ноември 1, 2017

Винарската визба „Повардарие“ целосно ќе го исплати долгот за откупеното грозје кон лозарите до крајот на оваа година. Тоа е заклучено на денешниот состанок на лозарите со менаџментот на винарската визба, кој се одржа во Неготино, во присуство на претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на новиот градоначалник на Неготино, Тони Делков.  […]

Запленет тутун „вирџинија“ забранет за производство

септември 3, 2017

СВР Битола и Државниот инспекторат за земјоделство во координација со Министерството за земјоделство пронашле насади и обработка на тутун од типот „вирџинија“, кои не се пријавени и немаат договор со регистрираните откупувачи, а согласно Законот за тутун не смеат да се произведуваат. Биле извршени претреси кај пет физички лица и едно правно лице од село […]

Николовски: Ќе реагираме на поскапувањето на контролите за увоз на храна во Хрватска

август 3, 2017

Со новиот правилник за увоз на овошје и на зеленчук што Хрватска го донесе на 15 јули, значително се зголемуваат трошоците при извоз на македонското свежо овошје и зеленчук, што ќе влијае врз зголемување на крајната цена на производите. Оттука, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека Министерството за земјоделство, шумарство и […]

ВМРО-ДПМНЕ бара итна владина седница за обесштетување на овоштарите

јуни 16, 2017

„Министерот на СДС, Љупчо Николовски, со денови се крие и ги одбегнува овоштарите кои се соочуваат со реални проблеми. Николовски го нема да се појави во Росоман каде што состојбата со производството на праски е алармантна, исто како и со речиси целокупното овоштарство во Македонија“, обвини денеска Ромео Тренов на прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. […]

Албанија го забрани увозот на живина од ЕУ поради птичји грип

ноември 23, 2016

Албанија привремено го забрани увозот на живина од земјите на Европска Унија кои пријавиле случаи на птичји грип. Министерството за земјоделство на Албанија денеска забрани увоз на пилешко месо од Австрија, Хрватска, Данска, Германија, Унгарија, Полска, Холандија и од Швајцарија, односно од земјите кои пријавиле слуачи на птици заразени со вирусот птичји грип. Албанија, но […]

Николовски: Во Платежната агенција недостига софтвер од 778.000 евра

август 4, 2016

Ревизорскиот извештај открива дека софтвер од 778.000 евра, за потребите на Платежната агенција, не е сметководствено евидентиран! Ова значи дека на повидок е нов скандал со одлевање стотици илјади евра народни пари за софтвери во Министерството за земјоделство и во Агенцијата за земјоделство и рурален развој, обвини денеска на прес-конференција Љупчо Николовски од СДСМ. – […]

МЗШВ: Николовски шири клевети, манипулации и дезинформации

јули 18, 2016

Со вчерашната изјава, Љупчо Николовски од СДСМ уште еднаш покажа дека нема никакви конструктивни идеи, туку воден од желбата постојано да биде присутен во медиумите, само шири клевети, манипулации и дезинформации, надевајќи се притоа на политички поени, се вели во реакцијата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) на вчерашната прес-конференција на Николовски. „Уште […]

Николовски: Груевски бега од фер избори за да ја спаси сопствената кожа

април 11, 2016

Љупчо Николовски, член на извршниот одбор на СДСМ и дополнителен заменик-министер за земјоделство во оставка, денеска на прес-конференција рече дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во обид да ја спаси сопствената кожа бега од фер и демократски избори и постојано го прекршува Договорот од Пржино. Николовски вели дека криминалот на Груевски преку злоупотреби во државните […]

Оризопроизводителите од Кочанско денеска повторно на протест

март 29, 2016

Производителите на ориз од Кочанско денеска повторно ќе протестираат, незадоволни од откупната цената на оризот. Тие еден час, односно од 11 до 12 часот ќе ја блокираат едната коловозна лента на патот Штип – Кочани, кај селото Облешево. Производителите на ориз, незадоволни од понудената, бараат цена од 50 денари за бел ориз и 25 денари […]

Николовски: Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќарувале земјоделски субвенции

декември 4, 2015

Илија Србиновски, поранешен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола, скандалозно ја злоупотребува државната функција, обвини Љупчо Николовски, дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, назначен од редовите на СДСМ. – Семјството Србиновски буквално го има „освоено“ министерството. Таткото Илија, синот и снаата се […]

Владина комисија ќе ја решава кризата со огревно дрво

септември 9, 2015

Владина комисија интервентно ќе ја решава кризата со огревно дрво, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, при денешната посета на Свети Николе. За таа цел, како што најави Цветков, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ ќе вработи дополнителен број дрвосечачи за да постигне со нарачките за дрва, а дополнителни мерки се предвидени и за […]

Повеќе од 30 компании заинтересирани да станат нови сопственици на „Џумајлија“

септември 9, 2015

Повеќе од 30 домашни и странски компании се заинтересирани за закуп на земјиштето што му беше дадено на контроверзниот индискиот бизнисмен Субрата Рој во Лозово, потврди министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, кој денеска беше во посета на Свети Николе и на Овчеполието. Со распишаниот меѓународен тендер за закуп, се прави нов обид да […]

Страна 1 од 1