четврток, 23 април, 2026
Meta.mk

Ознака: животна средина | 191 резултати

Депонијата „Дрисла“ може да ја казнат до 120.000 евра за загадувањето на Маркова Река

септември 21, 2023

Од Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) објавија дека против депонијата „Дрисла“ ќе добие прекршочна санкција поради загадувањето на водите на Маркова Река. Ова е епилогот на вонредниот инспекциски надзор направен на 4 септември годинава на барање на здружението „Младите од Батинци“, коишто веќе протестираа пред скопската депонија. Од ДИЖС визуелно утврдиле дека има загадување […]

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

септември 14, 2023

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот, управувањето со отпадните води и заштитата на шумите. Податоците на Државниот […]

УНИЦЕФ: Над 5.800 деца и тинејџери од Европа и Централна Азија починале од загаден воздух

септември 7, 2023

Над 5.800 деца и тинејџери во регионот на Европа и Централна Азија починале поради причини поврзани со загадениот воздух во текот на 2019 година. Според новата анализа на податоци што ја објави УНИЦЕФ, најголемиот број, односно, 85 проценти, починале пред својот прв роденден. Во Почетоци без здив: Алармантни ефекти од загадениот воздух врз децата во […]

Народна банка донела среднорочен план за управување со ризиците поврзани со климатските промени

септември 2, 2023

Советот на Народната банка го усвоил првиот Среднорочен план за активностите на Народната банка во доменот на управување со ризиците поврзани со климатските промени за периодот 2023 ‒ 2025 година. Според соопштението, овој план поставува сеопфатна, систематична и конзистентна рамка за активностите поврзани со управувањето со ризиците од климатските промени. „Климатските промени се важно прашање […]

Направен уште еден чекор за гарантирање на правото на децата на здрава животна средина

август 30, 2023

Комитетот за правата на детето на Обединетите нации денеска експлицитно го потврди правото на децата на чиста, здрава и одржлива животна средина, издавајќи сеопфатно толкување на обврските на земјите-членки според Конвенцијата на ОН за правата на детето. Овој општ коментар треба да послужи како потсетник за да ги одржиме напорите за климатска акција, притоа разбирајќи […]

ЕБОР со кредит од 100 милиони евра за ЕСМ за зајакнување на енергетската безбедност

август 22, 2023

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува енергетската безбедност во Северна Македонија со кредит од 100 милиони евра одобрен на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ). „Кредитот за итна ликвидност на ЕБОР ќе му помогне на ЕСМ да ја одржи финансиската отпорност и да продолжи да ги обезбедува основните услуги. Средствата од […]

Управување со отпад и со води – најтежок дел од билатералниот скрининг за животна средина

јули 7, 2023

Клучни согледувања од билатералниот скрининг за Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени, како дел од Кластер 4 покажаа дека државата е на добар пат, дека во некои области е во напредна фаза, но во други е во почетна или е соочена со силни предизвици во понатамошно усогласување на националното законодавство со европското. Ова […]

Започна скринингот на Поглавјето 27, законите за животна средина европски, но без имплементација

јули 3, 2023

Усогласувањето на националното со европското законодавство во најкомплексното Поглавје 27, посветено на животната средина и климатските промени е во тек, но посебен предизвик е неговата имплементација, порача министерката за животна средина Каја Шукова од Брисел, каде денеска започна билатералниот скрининг за Поглавјето 27 што ќе траe до 7 Јули. На скринингот пред Европската комисија преку […]

Германска пратеничка прикажана како министерка, згора и набедена за непостоечка изјава

јуни 19, 2023

Во постот неточно се тврди дека девојката на фотографијата е министерка во владата на Германија и наводно изјавила дека кравите се штетни за животната средина и за здравјето. Официјалната веб-страница на федералната влада на Германија покажува дека во актуелната влада на канцеларот Олаф Шолц нема ниту една министерка која наликува на жената на фотографијата. Пребарувањето на […]

Шукова: Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден

јуни 1, 2023

Тројната планетарна криза е реалност што ја доживуваме секој ден. Екстремните временски настани, исчезнувањето на видовите, уништувањето на шумите и исцрпувањето на виталните ресурси се само дел од алармантните знаци на еколошка нерамнотежа што мора итно да се реши. Ова го изјави денеска министерката за животна средина и просторно плaнирање, Каја Шукова, на настанот организиран […]

Пет тима млади луѓе ќе изработат решенија за заштита на почвата со пари од програмата Апшифт

март 23, 2023

Пет групи составени од млади на возраст од 13 до 19 години добија по 120.000 денари за да ги остварат иновативните решенија за подобрување и заштита на почвените ресурси во заедницата и да се прилагодат на последиците од климатските промени. Иноваторите беа избрани во рамките на програмата „Апшифт“ (UPSHIFT), во која 10 средношколски тимови од […]

Екологистите револтирани: Бадијала се заштитуваат подрачја ако бизнис интересите и понатаму се пред природата

февруари 11, 2023

Патишта, хидроцентрали, фотоволтаични централи, скијачки центри и бројни други легални и нелегални градби, се планираат и се изведуваат во заштитените подрачја и го загрозуваат биодиверзитетот што се обидуваме да го одбраниме. Граѓанските активисти од „Еко свест“ реагираат дека државните институции од една страна прогласуваат заштитени подрачја, а од друга страна планираат проекти кои директно ги […]

Апел до Пендаровски и Ковачевски: Да не се дозволат нови мали хидроцентрали во Маврово

февруари 8, 2023

Граѓанските организации „Еко свест“ и „Фронт 21/42“ денеска побараа Претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски да се заложат за раскинување на договорите за концесии за трите планирани мали хидроцентрали во Националниот парк „Маврово“, Жировница 5 и 6 и Рибничка 7 и на тој начин да се испочитуваат меѓународните договори, коишто се обврска и за […]

И „Зелен хуман град“ со 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје

јануари 23, 2023

Од иницијативата „Зелен хуман град“, која што има и советници во Советот на Град Скопје, имаат 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје. Од нив, шест мерки се за итно постапување. Притоа, од „Зелен хуман град“ најпрво бараат Советот на Град Скопје да ѝ препорача на Владата да го задолжи УХМР да започне со […]

Шведското реноме и предизвиците на претседателствувањето со ЕУ

јануари 9, 2023

Приоритетите на шведското претседателство не се изненадување. Тие се континуитет на приоритетите на чешкото претседателство, секако со истакната шведска боја. Концизната програма навестува фокусиран ангажман на административниот апарат и искусната дипломатија на оваа нордиска земја. Меѓутоа, далеку од тоа дека се очекува претседателствувањето да мине без предизвици. Некои од нив доаѓаат од самата политичка констелација […]

До каде сме со грижата за животната средина: Ќе научиме ли во 2023 дека ѓубрето се фрла в канта

декември 30, 2022

Чистењето на малата депонија со линдан на ОХИС е една од најважните еколошки активности која ја одбележа 2022 година, а годинава што изминува ќе ја памтиме и по мала, но значајна, победа на екологијата врз бизнисот, поништувањето на концесиите за мали хидроцентрали на Шара. Сепак, заштитата на природата и понатаму не ни е силна страна, […]

Полицијата со кривична пријава за сопственик на див отпад во населбата Даме Груев

декември 27, 2022

СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал поднела кривична пријава против И.Т.(43) од Скопје, кој имал див отпад на улицата Шарпланинска во скопската населба Даме Груев. Полицијата го товари за „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик. Состојбата е утврдена уште пред повеќе од два и […]

Ковачевски: Инвестициите во зелената транзиција се клучни за енергетска стабилност и независност

ноември 17, 2022

Република Северна Македонија како земја од Западен Балкан која е насочена кон просперитет и развој, интензивно работи на обезбедување на енергетска стабилност и независност за што има донесено мерки и модели на краток, но и на подолг рок, но и нова Стратегија за инвестиции во зелена енергија. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски денеска во […]

Нова епизода на „Шорткат“: Театар со сенки против мали хидроцентрали

ноември 17, 2022

Театарот „Сенки и облаци“ е единствениот театар што работи претстави со сенки во земјава. Дел од нивните проекти вклучуваат подигање на свеста кај граѓаните за теми како репродуктивно и сексуално здравје, инклузија и заштита на животната средна. За новиот проект за претставата со сенки против малите хидроцентрали погледнете во новата епизода на „Шорткат“. Информираме за […]

Олеснета процедурата за поставување фотонапонски електроцентрали за домаќинствата

октомври 25, 2022

Граѓаните и компаниите веќе може да постават фотонапонски електроцентрали за производство на струја брзо и по поволни услови, без одобрение за градење, бидејќи стапија на сила измените на Законот за градење, како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза, соопшти Владата. Со новината, ќе се поедностави процедурата за поставување […]

Страна 2 од 10