fbpx

ЕБОР со кредит од 100 милиони евра за ЕСМ за зајакнување на енергетската безбедност

ЕСМ ќе работи и на извештаи поврзани со климатските промени, инвестиции во капацитети на нова обновлива енергија и поддршка на развој и поврзување на мрежата од 1.500 мегавати капацитет од приватна обновлива енергија до 2030 година

-

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја поддржува енергетската безбедност во Северна Македонија со кредит од 100 милиони евра одобрен на државната компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Кредитот за итна ликвидност на ЕБОР ќе му помогне на ЕСМ да ја одржи финансиската отпорност и да продолжи да ги обезбедува основните услуги. Средствата од кредитот ќе се користат и за финансирање на увозот на електрична енергија на ЕСМ, како и работниот капитал, а ќе бидат целосно забранети за активности поврзани со било какви средства или операции со фосилно гориво“, се наведува во соопштението на ЕБОР.

Од банката додаваат дека земјава е значително зависна од увоз на енергија и имала проблеми поради цените на енергија кои неконтролирано растеа, како и од нивото на инфлација, кое било без преседан.

„Како последица на овие текови, ЕСМ се соочува со голем јаз во ликвидноста на работењето на компанијата. Кредитот на ЕБОР ќе помогне во справување со потребите на ликвидноста на ЕСМ, намалување на отпорноста кон дополнителната поддршка на Владата, и овозможува компанијата за има финансиски обрт за поддршка на инвестицискиот план на капиталот“, додаваат од ЕБОР.

Проектот доаѓа во критично време за македонската енергетска транзиција. Северна Македонија е посветена на намалување на нето стакленичките гасови за 82 отсто до 2030 година, првенствено преку исклучување на енергетските капацитети кои работат на јаглен и активностите поврзани со јаглен. ЕСМ, која обезбедува приближно 90 отсто од генерирањето на електрична енергија во земјата, е клучен фактор во оваа транзиција. Како дел од инвестицијата, ЕСМ ќе имплементира обемна стратегија на декарбонизација, согласно Планот за македонската национална енергија и клима, осврнувајќи се на посветеност кон декарбонизацијата.

ЕСМ ќе работи и на извештаи поврзани со климатските промени, инвестиции во капацитети на нова обновлива енергија и поддршка на развој и поврзување на мрежата од 1.500 мегавати капацитет од приватна обновлива енергија до 2030 година. За да се овозможат наведените и идните активности во обновлива енергија, ЕСМ и македонската влада се посветија и на имплементирање на широк спектар реформи на пазарот на енергија, како што се посилна регулаторна рамка, преку ревидиран закон за енергија, спојување на пазарот и реформа на тарифната методологија, дополнуваат од ЕБОР.

ЕСМ е компанија за енергија во целосна сопственост на Владата на Република Северна Македонија, со 4.600 вработени. Компанијата снабдува најголем дел од домашното производство со електрична енергија, со инсталиран капацитет од цирка 1,5 гигавати. ЕСМ управува со две термални електрични централи, осум хидро централи, два комбинирани капацитета за греење и енергија и првата плантажа со ветерници во земјата.

До денес, ЕБОР има инвестирано во Северна Македонија над 2,5 милијарди евра во 175 проекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Уапсени двајца руски новинари под обвинение дека работеле за фондацијата на Алексеј Навални

Двајца руски новинари се уапсени под обвинение за „екстремизам“, поради обвиненијата дека работеле за група основана од починатиот руски опозициски политичар Алексеј Навални, пренесе Гардијан. Новинарите Константин Габов и Сергеј...