понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: инвестиции | 251 резултати

АНАЛИЗА: 2026 треба да биде година на економски резултати, да се види ветуваниот напредок

јануари 8, 2026

Поскапа струја, поскапени здравени услуги, застој во исплатата на средствата од ИПАРД 3 за земјоделците, мега-инфраструктурни проекти, нова Еврообврзница – стартуваше економската 2026-та

Граѓаните сè повеќе трошат вода, а сè помалку плаќаат сметки, резултатот е стара мрежа и загуби на вода над 60 отсто

декември 3, 2025

Цената на водата најчесто не ги покрива ниту основните трошоци за работа, заради што Регулаторната комисија смета дека треба целосно да ја преземе надлежноста за формирање на цените

На Попова Шапка се очекува да започне уште една тмурна сезона, ги нема најавените странски инвестиции

ноември 23, 2025

Поминаа две и пол години од презентацијата на италијанската инвестиција и и покрај бројните ветувања и изјави од властите, сè уште не е потпишан договор со италијанскиот инвеститор за ревитализација на планинскиот туристички центар „Попова Шапка“, пишува Порталб.мк

Мицкоски: Инвестициите во обновливи извори на енергија се дел од модерната борба за независност

октомври 28, 2025

Енергетиката е високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија. Секој соларен панел, ветерница и електрана што работи на чиста енергија е дел од нашата современа борба за независност, изјави премиерот Христијан Мицкоски на отворањето на 14-ти Меѓународен форум за енергетика и одржлив развој, што се одржува во Скопје. […]

САД ќе инвестира 150 милијарди фунти во Велика Британија

септември 18, 2025

Доналд Трамп денеска ќе се сретне со британскиот премиер Кир Стармер. По денот на помпезност и церемонија во кој Трамп се возеше во кочија со кралот Чарлс и се гоштеваше на државен банкет, американскиот претседател и Стармер ќе го прослават откривањето на пакет инвестиции од 150 милијарди фунти од САД во Велика Британија. Договорите, кои […]

ДЗР: Поради тоа што доцни изградбата депонијата во Свети Николе ќе чини 40 отсто повеќе

јуни 3, 2025

Изградбата на депонијата за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион ќе чини 40 отсто повеќе заради пролонгирањето на роковите и доцнењето на третата фаза од реализацијата на проектот. Ова го покажува најновата анализа на Државниот завод за ревизија, посветена на спроведувањето на јавните инвестиции кои треба да придонесат за долгорочно одржлив регионален […]

Собранието го ратификуваше Договорот со Обединетото Кралство, верзијата на англиски јазик потпишана со непостоечка функција

мај 28, 2025

Собранието попладнево (28.05.2025 г.) го изгласа Законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во врска со партнерство за реализација на инфраструктурни проекти. Гласаа 82 пратеника, од нив 76 гласаа ЗА, а 6 против, воздржани немаше. Во верзијата на договорот на […]

Мицкоски најави изградба на нов колосек на Коридорот 10 преку договорот со Обединетото Кралство

мај 19, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на тренинг-центарот во Идризово, најави изградба на уште еден колосек на железничката линија од Коридорот 10, како дел од пакетот проекти, кои како што најави, ќе се реализираат преку новото стратешко партнерство со Обединетото Кралство. „Првиот е реконструкција, модернизација и изградба на уште еден колосек на пругата што е […]

Брза железница во Македонија – сериозен план или предизборен воз без возен ред?

мај 14, 2025

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави „инфраструктурен бум“ во железницата. Реконструкција на целата пруга долж Коридорот 10 (Табановце–Гевгелија) и модернизација за патничките возови кои ќе тераат со просечна брзина од 160 километри на час. Според Мицкоски, по завршувањето на овој проект товарните возови би се движеле со просечни 110 км/ч, што како што пресмета тој, е […]

ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан

април 10, 2025

На Самитот АДРИА 2025 во Црна Гора, Европската унија објави повик за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан. Целта е да се поттикне економскиот раст и интеграцијата на регионот во ЕУ. Бизнисите од ЕУ, Европската економска зона и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти до 21 мај 2025 година. Европската комисија […]

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори со намалени нарачки и недостиг на работна сила

февруари 13, 2025

Повеќе од 60 отсто од странските инвеститори во земјава имале намален број на нарачки и недостаток на работна сила во 2024 година во споредба со првичните планови. Ова го покажа анкетата на најголемите странски инвеститори чии резултати ги објави Советот на странски инвеститори кој функционира во рамки на Стопанската комора на Северна Македонија. Најголемите препреки […]

Мајкрософт најавува големи инвестиции во вештачката интелигенција

февруари 20, 2024

Американскиот гигант Мајкрософт најави дека ќе потроши милијарди евра на центри за податоци за вештачка интелигенција во Шпанија, покрај големите инвестициски проекти што ги планира во Германија, пренесува германската новинска агенција ДПА. Шпанскиот премиер Педро Санчез и менаџерот на Мајкрософт Бред Смит вчера објавија дека ќе бидат инвестирани 1,95 милијарди евра (2,1 милијарди долари) во […]

Ако сакаме да сме дел од јаглеродно неутрална Европа мора да инвестираме во сонце и ветер

декември 6, 2023

Северна Македонија да инвестира во искористување на сонцето, ветерот и водата како обновливи извори на енергија со кои ќе фати вистински чекор во насока на заложбите за јаглеродно неутрален континент до 2050 година, порачуваат од Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко свест“ и нивните партнери од CEE Bankwatch Network. Фосилните горива, јагленот, […]

Европејците со здружени сили во развојот на вештачката интелигенција

октомври 31, 2023

Германија, Франција и Италија сакаат да соработуваат поблиску во вештачката интелигенција на начин што Европа ќе може поефикасно да се натпреварува со САД и Кина, пишува германската новинска агенција ДПА.  Министрите за економија на трите најголеми економии во ЕУ – Роберт Хабек, Бруно Лемер и Адолфо Урсо – во Рим вчера предупредија на силната регулација […]

Фон дер Лајен во Скопје посети и фабрика за преработка на зеленчук и овошје

октомври 30, 2023

Компанијата „Џанвики ДОО“ е најголемиот ИПАРД проект во земјава, која како мал семеен бизнис од фондовите на ЕУ била поддржана со околу 2,3 милиони евра. Оформената фабрика за преработка на зеленчук и овошје во Скопје денеска ја посетија претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен и премиерот Димитар Ковачевски, информираат од владината прес-служба. Овој […]

Државата од даноци големи пари добива, а малку вложува во животната средина [инфографик]

октомври 15, 2023

Институциите собираат даноци за животната средина, кои пак државата и општините премалку ги реинвестираат во заштита на водите, почвата, воздухот, шумите и во управувањето со отпадот. Во земјава во 2021 година биле платени даноци за животна средина во висина од 14.273,4 милиони денари или над 231,7 милиони евра, што е за 13,7 отсто повеќе во […]

Државата, општините и бизнисот лани вложиле само 5,7 милиони евра за почист воздух!

септември 14, 2023

Многу зборување, малку дела. За загадувањето на воздухот во Македонија постојано се говори со години наназад, но пораст на инвестициите за зголемен квалитет на воздухот нема. И тоа не важи единствено за почист воздух, туку и за надминувањето на проблемот со постапувањето со отпадот, управувањето со отпадните води и заштитата на шумите. Податоците на Државниот […]

Објавен е првиот повик од ИПАРД 3 програмата која тежи 97 милиони евра

септември 3, 2023

Објавен е првиот повик од ИПАРД 3 програмата кој ќе трае до 1 Ноември. Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за земјоделство Љупчо Николовски денеска го објавија стартот на новата и зголемена помош од европските фондови за македонското земјоделство. ИПАРД 3 е со 62 отсто поголем буџет од ИПАРД 2 и тежи 97 милиони евра. Во […]

Страна 1 од 13