ЕБОР одобри кредит од 9 милиони евра за инклузивност на младите и зелени финансирања

ЕБОР одобри 2 милиони евра од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во земјава, а со неа ќе се поддржат локалните микро, мали, и средни претпријатија (ММСП), во сопственост или управувани од претприемачи под 35 години

-

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) доделува нови средства за поддршка на младите претприемачи и основање на бизниси, како и за промовирање на зелени финансии во Северна Македонија, преку финансискиот пакет од ЕУР 9 милиони наменет за ПроКредит Банка.

ЕБОР одобри 2 милиони евра од Програмата Млади во бизнис (МвБ), која е за прв пат застапена во земјава, а со неа ќе се поддржат локалните микро, мали, и средни претпријатија (ММСП), во сопственост или управувани од претприемачи под 35 години, соопшти банката.

Церемонијата на потпишување на договорот со ПроКредит банка од Програмата Млади во бизнис, се одржала во рамки на настанот организиран од ЕБОР, каде било промовирано претприемништвото кај младите, а учество зеле Народната банка на РСМ, претставници од Владата, комерцијални банки, младински организации, стартапи и акцелератори.

Неодамна лансираната Програма за млади во бизнис, наменета за шесте економии на Западен Балкан, е креирана за младите претприемачи, кои имаат ограничен пристап до финансирањето и советодавните услуги. Во наредниве пет години, Банката планира да додели до 100 милиони евра во регионот, преку локалните партнерски банки, како и преку небанкарските институции под Програмата за советодавни услуги за мали бизниси.

Советодавната поддршка и гаранциите поврзани со Програмата МвБ се поддржани од владите на Шведска, Италија и Луксембург.

Средствата во износ од 7 милиони евра од Програмата за зелено финасирање (Green Finance Facility – GFF) ќе се одобруваат на локалните мали и средни претпријатија (МСП). Покрај потребното кредитирање на домашните бизниси, ќе се доделуваат и грантови (до 10 отсто од износот на заемот) за поддршка на инвестициите во обновливи извори и енергетски ефикаснитехнологии.

Фондовите за техничка соработка под оваа програма ќе бидат наменети за локалните банки кои се заинтересирани да финансираат и за локалните бизниси кои ќе имплементираат зелени проекти. Оваа комбинација на кредити и грантови е обезбедена од Заедничкиот фонд за одржливи и развојни цели и Владата на РСМ под покровителство на Развојната програма на Обединетите нации.

Програмата за зелено финансирање е пилот заедничка иницијатива на ЕБОР, Развојната Програма на Обединетите Нации и Владата на Северна Македонија. Таа обезбедува пристап до достапно зелено финансирање за малите и средни претпријатија, како и пазарни, но до сега непокриени групи на поединци и домаќинства, кои сакаат да инвестираат во обновлива енергија и енергетски ефикасни решенија, придонесувајќи кон намалување на емисиите на стакленички гасови и загадување на воздухот.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...