ЕБОР најавува 100 милиони евра за гасниот интерконектор во Грција

Гасниот интерконектор е само дел инфраструктурните проекти кои беа дискутирани денеска во средбата меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Шарлот Руе, директорката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

-

На средба меѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и Шарлот Руе, директорката на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Централна и Југоисточна Европа, се дискутирале реформите и иницијативите кои ќе се спроведуваат во државата на патот кон Европската унија, соопшти Министерството за финансии.

Една од иницијативите вклучува дополнително финансирање од околу 100 милиони евра за изградбата цевководите Свети Николе-Велес и Гостивар-Кичево и на гасниот интерконектор со Грција, проект кој би обезбедил стабилност во снабдувањето и диверзификација на изворите.

Средбата се одржа во Скопје на маргините на денешниот лидерски состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, на кој беа присутни лидерите на земјите од регионот како и претставници од ЕУ и САД и меѓународни институции.

„Како земја која е дел од регионот и дел од Планот за раст имаме сериозен и одговорен пристап во неговата реализација. Тоа се реформи кои претстојат пред нас, реформи кои ги дефинираме заедно со нашите партнери ЕУ и реформи за кои добиваме поддршка од нашите партнери како ЕБОР“, рече министерот Бесими.

Министерот изјави оти се обезбедни и средствата за финансирањето на последната делница од изградбата на железничката пруга кон Бугарија, во соработка со Европската инвестициска банка, ЕБОР, Инвестициска рамка за Западен Балкан (ВБИФ) преку ЕУ и програмата на Инструментот за претпристапна помош (ИПА).

Има и други проекти кои ќе започнат со финансирање и изработка наскоро, а од Министерството за финансии велат оти очекуваат поддршка во енергетскиот сектор, односно во транзицијата кон производство на зелена енергија.

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура...

Детектор анкета: Мерките за замрзнување не даваат ефект, граѓаните ги обвинуваат маркетите за инфлацијата

Само 16 проценти од граѓаните можат целосно да си ги покријат месечните трошоци за живот, покажува анкетата која за емисијата Детектор на Сител ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Третина...

Парламентарни избори во Косово

Во Косово денеска се одржуваат парламентарни избори, на кои граѓаните ќе можат да гласаат во 941 избирачки центар и 2,533 гласачки места. Косовските граѓани во дијаспората гласаа вчера во 30 дипломатски претставништва,...

Истрага против дилер на дрога во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни сустанции и прекурсори по...

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност,...