ФИТР и УСАИД почнуваат обука за млади за зелени работни места

Целта на предизвикот е да се воспостави Центар за обука за зелени работни места („Green Jobs Training Hub”), замислен како централен објект посветен на обезбедување сеопфатна обука за развој на вештини за младите во различни сектори

Photo by MART PRODUCTION: https://www.pexels.com/photo/photo-of-an-ob-gyn-looking-in-the-monitor-7088485/

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска објави нов предизвик за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”. Предизвикот се спроведува во партнерство со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за претприемачи и развој на менаџери.

Целта на предизвикот е да се воспостави Центар за обука за зелени работни места („Green Jobs Training Hub”), замислен како централен објект посветен на обезбедување сеопфатна обука за развој на вештини за младите во различни сектори, а се поврзани со зелените работни места, како што се: инсталатор на соларни панели, оператор на хидроелектрична постројка, специјалист за биоенергија, техничар за електрични возила (EV) и едукатор за намалување на отпадот. Со реализирањето на овој предизвик се очекува да се помогне да се премости јазот помеѓу побарувачката за зелено-квалификувани работници и достапноста на соодветно обучени млади.

За овој предизвик, вкупниот буџет изнесува 60.000 долари.

Заинтересираните апликанти треба да поднесат предлог проекти кои се фокусирани на воспоставување на центар за обука за зелени работни места, кој ќе ги оспособи поединците на возраст помеѓу 15 и 34 години, со основни вештини за зелени работни места и ќе обезбеди вредни кариерни насоки и менторство, со цел да ја олесни нивната интеграција на пазарот на труд.

Дополнително, секој предлог треба да овозможи преглед на плановите за обука на минимум 200 поединци низ спектар од најмалку два различни зелени работни улоги во текот на времетраењето на проектот и успешно да го олесни отварањето на работни места за најмалку 25% од учесниците.

Како подобни апликанти се сметаат компаниите, професионални или деловни здруженија, невладини организации (НВО), даватели на обуки и партнери на горенаведените организации.

Аплицирањето е исклучиво електронски, а предлог проектите се очекуваат најдоцна до 19.01.2024 година, до 14 часот.

За дополнителни информации во врска со предизвикот можат да се добијат на следниот линк или пак на следната е-маил адреса: [email protected]