четврток, 5 март, 2026
Meta.mk

Ознака: УСАИД | 120 резултати

Падот на УСАИД и Груевски

19 февруари 2025

Груевски, кој некогаш самиот соработувал со УСАИД, тврди дека тие го помагале неговото соборување од власт, што не знаеме дали е точно, а доказите за тоа, барем засега, му се слаби – тоа се главно изјави од полуопскурни личности од САД, што не му личи на некогашен премиер. Дел од тие изјави и не го […]

УСАИД е „прогласена за умрена“, сеирџиите може да здивнат!

15 февруари 2025

Бурата од реакции по укинувањето на УСАИД во светот не поминува без класичниот говор на омраза „на стероиди“ кај нас, кој еруптира со невидена „креативност“, па дури и повици за воведување на цензура во медиумите и обвинувања за корисниците на помошта дека се странски агенти. Секако дека не е забрането да се критикува работата на […]

Администрацијата на Трамп ги повлекува речиси сите вработени во УСАИД ширум светот

5 февруари 2025

Администрацијата на Трамп во вторникот соопшти дека ќе ги повлече речиси сите вработени во Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) со што речиси ќе стави крај на шестдецениската мисија за зајакнување на американската безбедност преку борба против гладот, финансирање на образованието и справување со епидемии, пренесува Асошиејтед Прес. Администрацијата ги извести сите вработени на УСАИД […]

„Слушни ме“ – настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик

21 септември 2024

Младинскиот образовен форум и Здружението на глуви и наглуви „Млад знак“ во рамки на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организира настан за одбележување на Меѓународниот ден на знаковен јазик. Настанот ќе се одржи на 23 септември 2024 година во 18:00 часот, во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје каде членовите од […]

Министерот Муртезани со благодарност за помошта која С. Македонија ја добива од САД преку УСАИД

24 јули 2024

Министерот за европски прашања Орхан Муртезани се сретна со претставничката на Канцеларијата на УСАИД во Македонија, Џери Дајбл, на која беше реафирмирана американската поддршка во напорите за зајакнување на демократските практики и институции, зголемување на економскиот развој и подобрување на квалитетот на образованието во земјата, информираше Министерството за европски прашања. Министерот Муртезани изразил благодарност за […]

Отворен третиот саем за промовирање на најновите технологии од соларниот сектор

1 јуни 2024

Денеска Македонската соларна асоцијација Солар Македонија го отвори третиот по ред годишен соларен саем. Главна цел на настанот е промовирање на најновите технологии од соларниот сектор како што се: фотоволтаични панели, батерии за складирање на електрична енергија, топлински пумпи, фото/термални колектори за производство на електрична енергија и топла вода, трафостаници, громобранска заштита, инвертери,електрични возила, роботи […]

В среда во Котур: Сајбер шејк дискусија „Дипфејк или реалност“

20 февруари 2024

Утре (среда) во кафе и филм „Котур“ во 18 часот, ќе се одржи „Сајбер шејк“ настан – дискусија за млади, насловена како „Дипфејк или реалност“. На настанот се поканети сите млади кои сакаат да научат нешто повеќе за тоа што е дипфејк, како да препознаат лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните […]

Дипфејк или реалност – „Сајбер Шејк“ дискусија за млади на 21 февруари во „Котур“

9 февруари 2024

Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични? Ова е темата на „Сајбер шејк“ настанот – […]

Потребна е подобра организација за да се достигне опфат од 95 отсто на вакцинирани деца

25 јануари 2024

Неопходни се поголеми инвестиции и поефикасна употреба на ресурсите за да може да се врати рутинската покриеност со вакцини на нивоа од 90 до 95 отсто низ целата земја. Ова е заклучокот од денешниот настан кој го организирал УНИЦЕФ, а на кој присуствувале претставници од здравтвениот сектор како и министерот за здравство, Фатмир Меџити. На […]

ФИТР и УСАИД почнуваат обука за млади за зелени работни места

20 декември 2023

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска објави нов предизвик за „Воспоставување на центар за обука за зелени работни места”. Предизвикот се спроведува во партнерство со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата Унапредување на економиите за посилни заедници (IESC) во партнерство со Младински образовен форум и Центар за […]

„Сајбер шејк“: студентите можат да ја користат вештачката интелигенција како алатка, но пред сè треба да учат

19 декември 2023

Студентите можат да ја користат вештачката интелигенција (ВИ) како дополнителна алатка за време на нивните студии, но тие не треба целосно да се потпираат на таквите програми, бидејќи тие мора да го научат тоа што вештачката интелигенција им го нуди како готов материјал. Ова, меѓу другото, го кажаа учесниците на дебатата за млади „Сајбер шејк“ […]

„Да не си играме со здравјето!“ – почнува нова кампања за имунизација

15 декември 2023

Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка на УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, под мотото „Да не си играме со здравјето!“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата. Како што соопштија од УНИЦЕФ, комуникациската кампања […]

Граѓани и бизниси донираа над 2 милионa денари во кампањата „Денови за донирање”

2 декември 2023

Над 2.100 граѓани, организации и компании се вклучија во првата национална кампања во рамки на проектот Партнерства за донирање. За манифестацијата, која траеше два месеца, беше организиран завршен настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија. По […]

УСАИД со нов проект: Младите имаат потенцијал, но не и поддршка

14 ноември 2023

Младите во земјава имаат многу потенцијал, а решението не е во иселувањето во странство, туку е потребно е да се поддржат и да се вклучат во заедницата. Ова беше пораката од настанот кој се одржа денеска во „Нетавил“ во Скопје на кој официјално се потпиша меморандум меѓу УСАИД и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) […]

Започнува кампањата „Денови за донирање”

12 октомври 2023

Сите граѓански организации и групи на граѓани се повикани да се вклучат со свои активности за донирање во рамките на кампањата „Денови за донирање“, иницијатива која се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“. Станува збор за проект кој создава инфраструктура за домашна поддршка на проекти кои на транспарентен и инклузивен начин […]

Дали телефонот те прислушкува? – „Сајбер Шејк“ дискусија за млади на 19 октомври во Скопје

6 октомври 2023

На 19 октомври во „Netaville“ во Скопје ќе се одржи настанот „Сајбер Шејк“ – дискусија за млади на тема „Дали телефонот те прислушкува?“. Настанот е во организација на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис со поддршка на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од организацијата IESC во партнерство со Младинскиот образовен […]

Саемот ЛАГ Експо 2023 со иницијативи и дискусии кои ги засегаат руралните заедници

17 септември 2023

Вчера во Гевгелија се одржа вториот по ред саем за промовирање на локалниот развој – ЛАГ Експо 2023, кој е единствен од ваков тип во државата. Низ презентации и панел дискусии претставници на Локалните акциски групи (ЛАГ-ови) од нашата како и од земји од Западен Балкан и земји-членки на Европската Унија ги претставија своите иницијативи […]

Пендаровски: Остварлива е целта бизнисите да одвојат барем 2 отсто од годишниот обрт за развој на заедницата

16 септември 2023

За жал, тоа што во развиените земји е долга традиција, кај нас се уште е во почетните фази од развојот, рече претседателот Стево Пендаровски пред преставниците на бизнис заедницата во Скопје при синоќешното возобновување на „Клубот на одговорни бизниси“ кој има за цел да го зголеми донирањето. Навистина е потребна сета можна поддршка на овие […]

Повик до младите да учествуваат на хакатонот Green Solutions

29 август 2023

Средношколци, студенти и основачи/вработени во стартапи имаат можност до 1 септември да се пријават на отворениот повик за млади за учество на хакатонот Green Solutions, кој ќе се одржи на 15 и 16 септември 2023 години во Тетово. Хакатонот е организиран од SEEUTechPark и Институт Либерална Алтернатива (LAI) со поддршка на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit […]

Доделени свидетелства на 97 Роми од програмата за дооформување на основно образование

6 јули 2023

Институтот „Ромалитико“ вчера додели 97 свидетелства на Роми вклучени во програма за дооформување на основно образование. Оваа активност се спроведе во соработка со Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ – Штип. Учесници во програмата за дооформување на основно образование биле Роми од 13 општини: Радовиш, Прилеп , Шуто Оризари, Кичево, Кочани, Берово, Штип, […]

Страна 1 од 6