Граѓани и бизниси донираа над 2 милионa денари во кампањата „Денови за донирање”

За манифестацијата, која траеше два месеца, беше организиран завршен настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија

-

Над 2.100 граѓани, организации и компании се вклучија во првата национална кампања во рамки на проектот Партнерства за донирање.

За манифестацијата, која траеше два месеца, беше организиран завршен настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија.

По тој повод директорката на УСАИД во Северна Македонија, г-а Џери Дајбл истакна дека поттикнувањето на домашните капацитети за унапредување на социјалната и економската стабилност на земјата во мултиетничката демократија е приоритет за Соединетите Американски Држави.

„Ја гледаме вредноста и повратот на инвестицијата во ова додека соработуваме со вас за да негуваме култура на дарување и да поттикнуваме акции и инвестиции на ниво на заедницата. Ние навистина веруваме дека ангажираната филантропија е од витално значење за унапредување на демократските вредности”, рече Дајбл.

Оваа прилика беше искористена за да им се дадат признанија и благодарници на музичките ѕвезди, модните дизајнери, компаниите и донаторите кои ја поддржаа кампањата „Денови за донирање“ и овозможија да се отпочне првиот Донаторски фонд во нашата земја.

Фото: Проект „Партнерства за донирање“

Преку националната кампања „Денови за донирање“ која се одржуваше во последниве два месеца, поддржана од 31 непрофитна организација и 50 бизниси, се донирале 2 милиони денари во финансиски средства, добра и услуги и волонтерски труд.

„Ова му овозможи на тимот на Конект да го формира првиот донаторски фонд во земјата“, известија организаторите.

„Го формиравме првиот филантропски фонд каде се здружуваат донациите на граѓаните и бизнисите за да ги поддржат непрофитните организации што го менуваат животот во нашите заедници”, истакна извршната директорка на Конект, г-а Никица Кусиникова.

Настанот се одржува во рамки на проектот на УСАИД Партнерства за донирање спроведуван од Конект во партнерство со Европскиот центар за непрофитно право, Стопанската комора на северозападна Македонија, Индиго и Американската стопанска комора во Северна Македонија.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...