Центарот за младински активизам ЦМА Крик традиционално организира „Летни младински инклузивни кампови“ за млади со и без попреченост. Годинава, се собираат средства од граѓаните, за што поголем луѓе со попреченост да бидат дел од инклузивните кампови.
„Лани започнавме иницијатива „Одмори се“ за повозрасни корисници. Оваа година, со Извидници, ги здружуваме силите за да обезбедиме одмор за сите!“, велат од Крик и додаваат:
„Зајдисонце на плажа, мирисот на езеро, другарувањето покрај логорски оган, кајакарење, кампување во природа и глетката на ѕвездите во лето. За многу лица кои живеат со попреченост, ваквите, наизглед едноставни радости, остануваат недостижни. Секој заслужува летна авантура и затоа ја започнуваме нашата иницијатива: „Остваруваме летување.” Со Извидници, нашата цел е да е да докажеме дека преку заедничка акција, одморот може да биде достапен за сите и да го отклучиме светот на патувањето за оние со попреченост, овозможувајќи им истражување и опуштање кое многумина од нас го земаат здраво за готово“.
За да ја остварат својата цел, потребно е да се соберат 210.000 денари. Сите хумани граѓани можат да донираат на овој линк.