Таг: базар

таг: базар

На голем есенски базар ќе се претстават 28 креативци – занаетчии со уникатни ракотворби

Од 17 до 20 октомври ќе се одржи големиот „Есенски базар“, во организација на Скопје Сити Мол, каде учество ќе земат 28 индивидуалци – занаетчии. „Рачната изработка е во подем и бројот на современи креативци, кои создаваат уникатни производи сè повеќе се зголемува. Деликатно направениот избор на модерни ракотворци е со единствена цел да се поддржи занаетчиството на оригинални производи....

Новогодишен базар со продукти изработени од руралните жени и лица со попреченост

Во пресрет на новогодишните празници, од 16 до 31 декември ќе се одржат три последователни настани на првиот кат во Скопје Сити Мол со повеќе од 90 учесници. Разноврсната понуда на Новогодишниот базар ќе започне утре, 16 декември со еднодневен саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно“ на кој ќе бидат изложени домашно произведени продукти направени од македонските рурални...

Граѓани и бизниси донираа над 2 милионa денари во кампањата „Денови за донирање”

Над 2.100 граѓани, организации и компании се вклучија во првата национална кампања во рамки на проектот Партнерства за донирање. За манифестацијата, која траеше два месеца, беше организиран завршен настан кој беше осмислен како Добротворен базар на кој присутните имаа можност преку дадена донација да се стекнат со интересни празнични производи од 13 социјални претпријатија. По тој повод директорката на УСАИД во...

За првпат одржан базар на мали еколошки бизниси во Македонија [галерија]

Бистро комедија
Денес во Бистро Комедија се одржа првиот базар на мали еколошки бизниси во Македонија. Целта на овој настан е запознавање со бизнисите кои придонесуваат кон одржлив развој и промоција на македонската еко заедница и еколошките алтернативи кои нудат замена на стандардните производи. На базарот на купувачите им беа претставени бизниси за рачни везови, облека од втора рака, еко восочни обвивки,...

В сабота ќе се одржи прв базар на мали еколошки бизниси

В сабота, на 21-ви октомври, во организација на Здружението за еколошка едукација и одржливо живеење „Yes for Less“ и Јуроп хаус Скопје ќе се одржи првиот базар на мали еколошки бизниси во земјава. Целта на настанот, како што велат организаторите, е запознавање со бизнисите кои секојдневно придонесуваат кон одржлив развој, промоција на еколошките алтернативи кои ги нудат во замена...

„Базар на жени занаетчики“ вечерва во Охрид

Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид денеска 15-ти јули со почеток од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите. Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава. „Ги покануваме сите локалци и туристи кои се во Охрид од 20 часот да присуствуваат на базарот...

Хуманитарен семеен базар „Еднакви можности за сите“

„Еднакви можности за сите“ е мотото на деветтиот семеен базар што денеска се одржува во меѓународното училиште „Нова“. На базарот, семејставата на учениците, нивните гости, припадници на бизнис-заедницата од Македонија, амбасадори и членови на дипломатскиот кор што живеат и работат во земјава, ќе подготвуваат јадења, ќе продаваат сувенири од своите матични држави, а средствата од продажбата ќе бидат наменети за Заводот за...

Арт-базар по повод празниците на виното и на љубовта

По повод празникот на виното, Свети Трифун, и празникот на љубовта, Свети Валентин, денеска и утре на Скопскиот саем ќе се одржи првиот Арт-базар - Дизајн со љубов. На настанот, кој има промотивен и продажен карактер, ќе бидат презентирани рачно изработени предмети од сребро (филигран), срма, дрво, стакло, восок, текстил, глина, бакар и од друг вид материјали. Базарот, кој е со слободен...

Хуманитарен базар за Дневен центар за деца со аутизам

Хуманитарен базар „Подајте рака, допрете срце“  ќе се одржи денеска во „Скопје сити мол“, а собраните средства од продажбата ќе бидат наменети за отварање Дневен центар за деца со аутизам. Базарот е во организација на здружението „Во мојот свет“ и меѓународната градинка „Сент Пол“. Децата од оваа градинка ги изработуваа артиклите што ќе се продаваат на базарот.

Пропадна обидот за импичмент на јужнокорејскиот претседател, владејачката партија го бојкотираше гласањето

Обидот за отповикување на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол поради прогласувањето на воена состојба во земјата, пропадна денеска откако членовите на неговата партија го бојкотираа гласањето, јавува Гардијан. Нивното напуштање...