Приведени се пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возило со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај, изјави Спасовски

-

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок, но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека предвременото соопштување на детали носи големи проблеми.

„Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така интензивно, имаме приведено 5 лица и обезбедено едно возило со коишто се продолжува понатаму работењето. Тоа е нешто плус што го преземавме во однос на сето она како доказ или трага, со цел да дојдеме до целосно расчистување на овој случај“, изјави Спасовски.

Вања исчезна пред 6 дена, во понеделникот, кога околу 7.30 часот излегла од својот дом во близина на Градскиот парк за да оди на училиште. Мајката го пријави исчезнувањето еден час подоцна, откако класниот раководител ѝ јавил дека девојчето не е стигнато на училиште.

Во потрагата се вклучи и Интерпол, a МВР формираше и стручен штаб.

Вчера Спасовски рече дека од електронските уреди кои се прегледани во истрагата, полицијата добила корисни податоци кои може да помогнат во решавањето на овој случај. Преземени и прегледани биле повеќе од 50 камери, сите податоци од Телеком операторите коишто можат да бидат важни, како и електронските уреди од девојчето и семејството. Исто така, биле сослушани десетици лица.

„Веќе имаме одредени податоци од овие електронски уреди коишто можат да бидат од корист на истрагата и целата оваа постапка. Секојдневно сме во комуникација или работиме заедно со родителите и со семејството“, рече тој.

Во меѓувреме, се пребарувало и речното корито на Вардар и сите подрумски простории не само во околината, туку и пошироко.

Полицијата има податоци од прегледаните електронски уреди кои можат да помогнат во истрагата за Вања

 

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен претрес ги...

По секоја цена да се оцрни ЕУ и да се оправда руската инвазија врз Украина

Вистиномер анализира објава на Фејсбук која вели: ЕУ ве лаже. Лаже за Романија, Молдавија и Грузија, ве излажа „Претседателот“ за вакцините против Ковид, корупцијата и трговијата со влијание. Се лаже за корумпираната украинска дикттура и војната што...

Верижен судир на скопската обиколница, повредени три лица

Три лица синоќа се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа која се случила на скопската обиколница, кај клучката Бутел кај Смилковското езеро кон Арачиново. Од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека...

Обид за убиство во Крива Паланка, нападната 22-годишна девојка

Јавното обвинителство вчеравечер соопшти дека е донесена наредба за спроведување истрага против 25-годишник од Крива Паланка за кој постои основано сомнение дека сторило кривично дело убиство во обид. Осомничениот, во семејниот дом...

Претрес во гостиварско, пронајдени четири кучиња кои се користеле за борби

Полицијата во Гостивар вчера извршила претрес во гостиварското село Врапчиште поради основано сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Просториите во кои бил извршен...