четврток, 16 април, 2026
Meta.mk

Ознака: исчезнато девојче | 18 резултати

Љупчо Палевски осомничен за убиство на 14-годишната Вања, вмешан бил и таткото

декември 4, 2023

Љупчо Палевски Палчо е организатор и извршител на двете убиства, на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес. Нему, според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, му се следи трагата и тој е заминат заедно со неговиот адвокат за Белград, а од таму, следниот ден, за Бугарија. За Палевски ќе […]

Првоосомничениот Љ.П. поврзан со убиството на Вања е во бегство, тројца вечерва ќе бидат спроведени во „Шутка“

декември 3, 2023

Во околината на Скопје денеска беше пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска, додека во околината на Велес е пронајдено телото на 74-годишниот Панче Жежовски кој беше пријавен за исчезнат на 24 ноември. Жежовски беше претседател на Унијата на ветерани на партијата Единствена Македонија. Неодамна излезе на прес-конференција, со поддршка до пензионерите за нивните барања […]

Пронајдено безживотното тело на 14-годишната Вања Ѓорчевска

декември 3, 2023

По преземени опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје, денеска (03.12.2023) во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, соопштија МВР и обвинителството. Воедно, во околината на Велес е пронајдено и телото на Панче Жежовски (74) од Велес, кој на […]

Обвинителството бара притвор за тројца од петмината приведени за исчезувањето на Вања

декември 3, 2023

Основното јавно обвинителство бара притвор за тројца од петмината кои беа приведени вчера, а се поврзани со случајот за исчезнувањето на четиринаесетгодишната Вања Ѓорчевска, информираат оттаму. „Во текот на целиот ден се преземаат дејствија за обезбедување докази. За тројца од петмината приведени во текот на вчерашниот ден, јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави […]

Приведени се пет лица поврзани со исчезнувањето на 14-годишната Вања

декември 2, 2023

Пет лица се приведени доцна синоќа поврзани со случајот на исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска, истрагата има напредок, но во интерес на истрагата не може повеќе да се дадат информации, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, додавајќи дека предвременото соопштување на детали носи големи проблеми. „Синоќа доцна во ноќта се работеше исто така […]

Полицијата има податоци од прегледаните електронски уреди кои можат да помогнат во истрагата за Вања

декември 1, 2023

Петти ден полицијата трага по 14-годишната Вања која исчезна во понеделникот околу 7.30 часот, откако се упати накај основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ во центарот на Скопје. Според македонскиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, од електронските уреди кои се прегледани во истрагата, полицијата добила корисни податоци кои може да помогнат во решавањето на овој […]

Краткиот пат на една лажна вест – долг пат на еден општествен хаос

ноември 30, 2023

Publish („објави“) е копчето кое е најлесно да се притисне. Да се притисне е лесно, но дали се исто така лесни и последиците што тоа може да ги донесе? Доволни се пет зборови кои ќе ја привлечат публиката и текст од десетина реда кои ќе ја шокираат јавноста или ќе предизвикаат наплив од чувства, без […]

ЗНМ и СЕММ: Апелираме на крајна внимателност и етички баланс во вестите за исчезнатото девојче

ноември 29, 2023

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Советот на честа при ЗНМ и Советот за Етика во медиумите (СЕММ), како дел од саморегулацијата во Македонија, најостро го осудуваат начинот на кој известуваат одредени медиуми за исчезнувањето на 14 годишно девојче од Скопје, со што на груб начин го кршат Етичкиот кодекс на новинарите, пласирајќи неточни и […]

МВР: Лажна е веста објавена на „Курир“ дека исчезнатото девојче е пронајдено во друга држава

ноември 29, 2023

Министерството за внатрешни работи ги демантира дезинформациите објавени на порталот „Курир“ дека 14-годишната В.Ѓ., за која на 27 овој месец беше пријавено дека исчезнала, наводно е пронајдена во соседна држава. “Станува збор за комплетно лажна вест во која непознатиот автор се повикува на наводни „извори од истрагата“, а притоа со Одделот за односи со јавност […]

Мајката на исчезнатата Вања: Три дена се прашувам зошто баш нам ни се случи ова?!

ноември 29, 2023

Зорица Ѓорчевска, мајката на исчезнатата 14-годишна Вања Ѓорчевска, веќе трет ден чека одговор каде и како ја снема нејзината ќерка, откако во понеделникот околу 7.20 часот изутрина се упати накај училиштето „Песталоци“, а потоа ѝ се изгуби трагата. Целата јавност е на нозе, а масовно се споделуваат и апели за барање на ученичката од деветто […]

Ни трага ни глас од исчезнатото 14-годишно девојче, лоциран е само последниот сигнал од телефонот

ноември 28, 2023

Цела вечер родителите на 14-годишната Вања, која вчера исчезна околу 7.30 часот изутрина, кога се упатила накај училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“, ја поминале во полициската станица „Беко“. И за медиумите мајката Зорица потврдува, а и од Министерството за внатрешни работи (МВР) додаваат дека се вложуваат сите напори да се најде девојчето. Досега е разговарано со […]

Полицијата и во текот на ноќта ќе трага по исчезнатото 14-годишно девојче

ноември 27, 2023

Министерството за внатешни работи сè уште трага по 14-годишното девојче, ученичка во деветто одделенио во ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, кое утринава околу 7 часот изутрина тргнало на училиште, а потоа му се губи трагата. „МВР ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 […]

По девет часа, сè уште се трага по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје

ноември 27, 2023

Полицијата сè уште трага по 14-годишното девојче, на кое денеска му се изгуби трагата, откако во 7 часот изутрина заминало во училиште, во Општина Центар. За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка Вања. „Девојчето е облечено во црни панталони со странични […]

Малечката Наде пронајдена жива во дол длабок околу 20 метри

февруари 24, 2017

Повеќе од 24 часа по нејзиното исчезнување, двегодишната Наде од селото Кленоец, денеска е пронајдена жива во дол длабок околу 20 метри во месноста Вртиште, на тромеѓето меѓу атарите на селата Кленоец, Извор и Иванчиште, изјави за „Мета“ портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски. Девојчето било преплашено, откако ноќта ја минало само и без храна, […]

Страна 1 од 1