fbpx

По девет часа, сè уште се трага по исчезнатото 14-годишно девојче од Скопје

За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка

-

Полицијата сè уште трага по 14-годишното девојче, на кое денеска му се изгуби трагата, откако во 7 часот изутрина заминало во училиште, во Општина Центар. За исчезнувањето на девојчето на социјалните мрежи информираше неговата мајка Зорица, која побара помош од граѓаните да се најде нејзината ќерка Вања.

„Девојчето е облечено во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели најк патики со кафеава лента на ѓонот. Последниот пат е видена во Дебар Мало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075-400-816“, стои во објавата на мајката.

Случајот бил пријавен и во МВР.

„На 27.11.2023 во 08.35 часот, З.Ѓ. од Скопје пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, се вели во полицискиот билтен.

Мајката за медиумите информираше дека телефонот на нејзината ќерка бил исклучен веднаш откако таа се упатила кон училиштето „Песталоци“. Потоа, класниот раководител ја информирал дека девојчето не е дојдено на настава, а од нејзиниот дом до училиштето имало само 7 минути пешки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...