fbpx

Текот на настаните за двојното убиство: подготвено барањето за екстрадиција на Палевски, пријава има и за возачот

Мета.мк преку инфографик го прикажува текот на настаните, почнувајќи од 22 ноември, кога исчезнува велешанецот Жежовски до моментот кога се случуваат првите апсења за двојното убиство

-

Двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, предизвика поплава од шпекулации и дезинформации. За само 12 дена (22 ноември – 3 декември) – период во кој се случија двете убиства и во кој на петмина осомничени им беше определен притвор, се размножија толку верзии за трагичниот настан што можат во сериозна заблуда да ја доведат јавноста и да ја нарушат истрагата, која е штотуку започната.

Во јавноста има повеќе отворени прашања, како на пример конкретните мотиви за извршувањето на двете убиства, прашања за кои се очекува одговори да даде истрагата. Од обвинителството изјавуваат дека ги немаат добиено наодите од обдукцијата од Судска медиција и оттаму засега не можат да споделат информации за тоа кога настапила смртта кај малолетното девојче и кај Жежовски.

Засега, од она што е познато и официјално соопштено е дека освен петмината осомничени (Љупчо Палевски Палчо, Влатко Кешишов, Велибор Маневски, Боре Видевски и Александар Ѓорчевски), во 48-часовен притвор е и Стефан Димковски, кој го превезувал Палевски низ Бугарија до Турција. За него е донесена наредба за спроведување истрага и поднесен е предлог за мерка притвор од 30 дена.

„Сега осомничениот, по претходна комуникација и договор со сторителот кој се наоѓал во Република Србија, со возило Ланд Ровер со струмички регистарски ознаки, сопственост на правно лице се упатил кон Белград. Таму се сретнал со сторителот и заедно со возилото се упатиле кон границата на Србија со Бугарија – граничен премин Калотина. Границата ја поминале на 02.12.2023 година, па движејќи се низ територијата на Бугарија истиот ден пристигнале на границата со Турција, граничен премин Капитан Андреево, и влегле во Турција. Таму биле заедно до 03.12.2023 година, по што сторителот останал, а сега осомничениот со возилото преку Грција се упатил кон државава каде бил приведен на граничниот премин Стар Дојран“, соопштија од обвинителството.

Во меѓувреме, на распит во полиција 24 часа беше и адвокатот Васко Стојков, со кој Палевски заминал во Белград. Стојков веќе за медиумите изјави дека Палевски го замолил да го однесе на лекарски преглед во Белград, дека тој го оставил таму, а потоа се вратил во Скопје, без воопшто да биде запознаен за тоа што се случило. Јавен обвинител оценил дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат.

Првоосомничениот Палевски, како што рече министерот Оливер Спасовски, граничните премини ги поминувал со македонски пасош.

Тој е сега во екстрадиционен притвор во Турција, а од Министерството за правда денеска го испрати барањето за негова екстрадиција во земјава, каде ќе се соочи со кривични пријави за две убиства и за грабнување.

„Oригинал документ е испратен по ДХЛ до Министерството за правда на Република Турција и во скенирана верзија е пратен и до ИНТЕРПОЛ. Очекуваме соработка со правосудните органи на Република Турција, навремено процесуирање и постапување од нивна страна во најкус можен рок. Барањето за екстрадиција, министерот Кренар Лога го потпиша вчера со што отпочна процедурата за екстрадиција на Љупчо Палевски. Во текот на денешниот ден експресно беа преведени сите потребни списи и документи на турски јазик, по што барањето за екстрадиција се испрати на турските власти”, соопшти Министерството за правда.

Мета.мк преку инфографик го прикажува текот на настаните, почнувајќи од 22 ноември, кога исчезнува велешанецот Жежовски до моментот кога се случуваат првите апсења за двојното убиство.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...