fbpx

Почнува со работа ФАМа – Феминистичката антифашистичка мрежа

Отпорот мора да биде наднационален и безвременски бидејќи без силно антифашистичко движење, нема слобода, рече Бориќ

-

Над 100 активистки, политичарки, истражувачки, уметници и работнички од Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и Србија вчера во Белград ја основаа Феминистичката антифашистичка мрежа (ФАМа).

На настанот беше претставен Феминистичкиот манифест на антифашистките за 21-от век, за кој подетално зборуваше Адела Јушиќ од БиХ.

Поврзувајќи ја женската борба во 1942 година со денешните предизвици, Наџа Бобичиќ од Србија подвлече дека ФАМа се основа на темелите што ги поставија жените од Антифашистичкиот фронт на жените на Југославија и вети дека ФАМа нема да ги остави конзервативците на мир и оти нема да застане сè додека не се срушат матриците на капиталистичкиот поредок.

Санела Шкријељ од Северна Македонија изјави дека борбата е за слобода, суштинска еднаквост и еманципација.

„Живееме во времиња кога сè почесто се сопнуваме од фашистички наративи, облечени во популизам и женомразење, кога етнонационализмот се продава како патриотизам, кога насилството ни го бои секојдневието и не поштедува ничие ментално здравје. Затоа не само што е важно, туку е и насушно потребно да ја имаме ФАМа – и да се погрижиме таа да биде гласна, да расте и да биде светол пример за солидарност и емпатија, бидејќи за нас е неприфатливо да молчиме пред неправдите“, изјави Шкријељ.

Вера Клипиќ од Словенија се осврна на исклучителната важност на поддршката за жените кои преживеале насилство, што станало особено неопходно за време на пандемијата кога во Словенија трикратно се зголемило насилството врз жените.

Според Бесима Бориќ од БиХ, со формирањето на ваква мрежа се обновува оштетеното ткиво се промовира идејата и етиката на заедништвото.

„Отпорот мора да биде наднационален и безвременски бидејќи без силно антифашистичко движење, нема слобода“, рече Бориќ.

Марија Срдиќ истакна дека во фокусот на работењето на ФАМа следната година ќе бидат репродуктивните права – 50 години од донесувањето на уставот на СФРЈ кој на Југословенките им го гарантираше правото на абортус.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И за ВМРО-ДПМНЕ и за СДСМ, ЕУ е приоритет – колку остварлив, не се знае

Во своите изборни програми СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја нудат ЕУ како највисок надворешен приоритет на државата. СДСМ бара уставни промени веднаш и ветува започнување и завршување на преговорите до...