Колку се исплатува инвестирањето во соларна енергија во земјава? За искористувањето на енергијата од сонцето, свои предлози имаат експерти и граѓански организации, кои во новата епизода на „Шорткат“ зборуваат за тоа како инвестицијата да се направи поисплатлива и да се намали енергетската сиромаштија.

Во новата епизода на Шорткат ја пренесуваме и информацијата дека онлајн малтретирањето меѓу младите е во пораст, но и дека учениците и нивните родители стануваат сè посвесни дека за овој проблем не треба да се молчи.

Носиме вести и за тоа како помина ПИН музичката конференција.

„Шорткат“ ќе биде емитувана вечерва во 19:00 часот на сите наши канали на социјалните мрежи.