fbpx

Притвор за таткото на убиената Вања, за Палевски истрага за убиство и грабнување

Од она што го кажале осомничените, како што изјавија од МВР и од обвинителството, таткото им давал информации на останатите за тоа каде и кога излегува неговата ќерка за на училиште и дека токму тој ден, на 27 ноември, ќе оди на училиште сама, без нејзината помала сестра, која го губела првиот час во ОУ „Песталоци“

-

Вечерва 48-часовен притвор доби петтоосомничениот Александар Ѓорчевски, татко на убиеното 14-годишно девојче Вања Ѓорчевска од Скопје, потврдија од Основниот кривичен суд Скопје.

„Поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и уништување докази, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на надлежниот обвинител и на четвртиот приведен му определи мерка притвор од 48 часа“, изјавија од судот.

Од она што го кажале осомничените, како што изјавија од МВР и од обвинителството, таткото им давал информации на останатите за тоа каде и кога излегува неговата ќерка за на училиште и дека токму тој ден, на 27 ноември, ќе оди на училиште сама, без нејзината помала сестра, која го губела првиот час во ОУ „Песталоци“.

За осомничениот кој е во бегство, пак, Љупчо Палевски Палчо, од обвинителството по итна постапка е донесена Наредба за спроведување истрага за кривични дела – Грабнување од член 141 и Убиство од член 123 од КЗ.

„Јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице. Судот го прифати предлогот и донесе решение со кое притворската мерка ќе започне да се спроведува веднаш по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“, велат од обвинителството.

За двете убиства, на 14-годишната Вања и на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, осомничени се вкупно пет лица, од кои тројца се веќе во притвор, В.К., В.М. и Б.В. Според изнесените информации на прес-конференцијата, тројцата ги соопштиле сите детали за она што се случувало во последниве две недели, а по еден од нив бил и сведок на убиствата. Тие ја однеле полицијата и до местото каде што биле закопани телата.

Ученичката од 9 одделение, Вања, според изјавите на министерот Оливер Спасовски, била грабната во влезот од зградата каде што живее, околу 7.30 часот изутрина на 27 ноември, односно минатиот понеделник.

Таа е земена со возило „Цитроен“, во сопственост на исчезнатиот, а сега пронајден починат велешанец Панче Жежовски. Заедно со цитроенот, се движело уште едно возило – „Рено кангу“. Првично приведените сопственици на ова возило подоцна биле пуштени на слобода, откако дале изјава дека автомобилот го дале на користење на партијата. Инаку, станува збор за партијата „Десна“, со која се поврзуваат првите четворица осомничени, а со која раководи Палевски.

Возилото „Цитроен“ било запалено во скопското село Бразда, истиот ден кога е грабната Вања, на 27 ноември. Девојчето, само 2,5 часа откако било грабнато, според предистрагата, било убиено со пиштол и потоа закопано, исто така во близина на селото Бразда. Оружјето сè уште не е пронајдено.

Љупчо Палевски осомничен за убиство на 14-годишната Вања, вмешан бил и таткото

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...