Со средства од 2,1 милиони евра на ЕУ ќе се поддржуваат уметнички проекти

Македонските уметници можат да достават проектна апликација која треба да вклучува најмалку едно дело од областа на изведувачките уметности, со исклучок на музика во живо, што треба да биде претставено во минимум на три различни земји од програмата „Креативна Европа“

-

Министерството за култура информира дека објавен e повикот за грантовата линија од Програмата „Креативна Европа“, потпрограма Култура на Европската Унија, насловена „Изведувачка Европа“ („Perform Europе“).

„Станува збор за грантова линија која е наменета за соработка во областа на изведувачките уметности во 40-те земји учеснички во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија. За повикот се одвоени средства во висина од 2,1 милиони евра, за поддршка на 35 партнерства, а во проектите да учествуваат минимум тројца партнери од минимум три земји од Креативна Европа“, информираат од Министерството за култура.

Секоја проектна апликација треба да вклучува најмалку едно дело од областа на изведувачките уметности, со исклучок на музика во живо, што треба да биде претставено во минимум на три различни земји од програмата „Креативна Европа“.

Организациите и индивидуалците од областа на изведувачки уметности се повикани да креираат партнерства и да предложат влијателни идеи кои ќе генерираат вистински промени, фокусирајќи се барем на еден од наведените приоритети на овој повик: инклузивност и различност, како и борба против климатските промени.

Кандидатите можат да аплицираат за грантови поделени во три категории и тоа: Мали партнерски проекти (до 12 илјади евра), проекти со средно партнерство (до 32 илјади евра) и големи партнерски проекти (до 60 илјади евра).

Краен рок за доставување на апликациите на овој повик на кој можат да учествуваат и македонските оператори, е 31 март 2024 година, 23:59 часот преку веб-страната на Perform Europе https://performeurope.eu/.

Партнерите апликантите може да ги најдат преку алатката за барање на партнери на веб страницата на Perform Europe https://performeurope.eu/login/.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...