недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: министерство за култура | 118 резултати

Националната опера и балет го укина попустот за студентите

февруари 17, 2025

Националната опера и балет (НОБ) го укина попустот од 50 отсто на влезниците за студентите кои сакаат да ги проследат изведбите во оваа национална установа. Овој чекор се чини дека се коси со Меморандумот што Министерството за култура го потпиша минатата година со Универзитетското студентско собрание на УКИМ (УСС УКИМ), а според кој, студентите имаат […]

Љутков: Културата и европските престолнини на културата се моќен двигател за одржливиот развој

февруари 9, 2025

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков учествуваше на Состанок на министрите за култура од Западен Балкан. На состанокот на кој присуствуваа и еврокомесарите за проширување и за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Марта Кос и Глен Микалеф беа разменети мислења и ставови за улогата на културата, меѓународните културни проекти вклучително и европските престолнини […]

Центарот за граѓански комуникации и Лила Милиќ се добитници на државната награда „Мето Јовановски“

декември 2, 2024

Државната награда „Мето Јовановски“ за 2024 година ја добиваат Здружението на граѓани „Центар за граѓански комуникации (ЦГК)“ од Скопје и Лила Милиќ, соопшти денеска Министерството за култура. Ваква одлука донел одборот за доделување на оваа државна награда, која претставува највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права. Наградата […]

Абази, Бојаџиевска, Масин и Стефановски добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

ноември 27, 2024

Проф. д-р Маја Бојаџиевска од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, е добитничка на државната награда „Св. Климент Охридски“, во областа воспитание и образование, одллучил Одборот за доделување на наградата. Како што соопштуваат во Министерството за култура, согласно Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и […]

Филмаџиите не снимаат и се борат за егзистенција, бараат министерот за култура да преземе мерки

ноември 15, 2024

Во момент кога сме длабоко навлезени во четвртиот месец од мандатот на в.д директорката на Агенцијата за филм Даниела Плачковска Станковска, период во кој снимања речиси и да нема, не е потпишан ниту еден договор за финансирање на веќе одобрени проекти, не е прегледан ниту еден извештај за наменско трошење на средства, исплатите кон тековни […]

ДКСК иницира постапка против ексминистерката за култура за злоупотреба на буџетски средства за приватни цели

ноември 8, 2024

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) денеска најави дека иницира постапка до надлежните органи во врска со употреба на буџетски средства за приватни цели на поранешната министерка за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска. Таа користела службени средства за приватни цели при нејзниното службено патување во Велика Британија во октомври минатата година. Според извршениот увид во […]

Поднесена кривична пријава против ексминистерката за култура Костадиновска-Стојчевска

октомври 31, 2024

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Сектор за криминалистички истраги, Единица за финансиски криминал до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ против Б.К.С. од Битола, како поранешен министер во Министерството за […]

ДЗР: 318 милиони денари исплатени за културни проекти без јасно дефинирани критериуми

октомври 15, 2024

Министерството за култура минатата година исплатило вкупно 318 милиони денари, односно над 5 милиони евра за различни културни проекти, без јасно дефинирани критериуми за распределба, што може да влијае на субјективен избор на проектите, се вели во новиот извештај што го објави Државниот завод за ревизија (ДЗР). Ревизорите констатирале недостатоци во распределбата на средствата за […]

Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“

мај 31, 2024

Распишан е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година, соопшти денеска Министерството за култура. Со оваа награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравјето, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност. Државната награда „Св. Климент Охридски“ се доделува на […]

Утре бесплатен влез во музејските институции за Меѓународниот ден на музеите

мај 17, 2024

Музејските институции во земјава утре традиционално ќе ги отворат своите врати и ќе овозможат бесплатен влез за посетителите по повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите. Посетителите ќе можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно наследство, соопштија од Министерството за култура. „Музеите, освен својот придонес како платформа за размена […]

Утре бесплатен влез во музеите и на локалитетите по повод Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети

април 17, 2024

Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, 18 Април, утре ќе биде одбележан со бесплатен влез во сите национални установи од областа на заштитата на културното наследство, кои ќе бидат отворени во текот на целиот ден, соопшти Министерството за култура. Граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со археолошките локалитети и спомениците низ државата. Отворени […]

Скопскиoт аквадукт – заборавено наследство затрупано со отпад

март 3, 2024

Душеци од кревети, теписи, автомобилски гуми, завеси, градежен шут, искршени плочки, пластични пишиња. На ваква слика ќе наидете ако појдете да го посетите Скопскиот аквадукт близу Визбегово, покрај булеварот „Словенија“. Газите по искршени стакла додека се обидувате да стасате до овој историски објект од VI век, за кој во меѓувреме имаше многу ветувања дека ќе […]

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид

февруари 20, 2024

Владата на денешната седница го утврди Предлогот на закон за измени и дополнувања на Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Од Министерството за култура известуваат дека со предлогот ќе се заостри режимот на заштита на споменичката целина на Старото градско јадро согласно препораките и Одлуките на […]

Крива Паланка избрана за „Град на културата“ за 2024 година

февруари 13, 2024

Општина Крива Паланка е избрана да биде организатор на манифестацијата „Град на културата“ во 2024 година, соопшти денеска Министерството за култура. Вака одлучила комисијата по распишаниот конкурс за ова министерство, а покрај Крива Паланка, на конкурсот апликација доставила и Општина Велес. „По извршената процена на пријавите, а во согласност со приоритетите, критериумите и мерилата наведени […]

Наредната недела ќе продолжи изградбата на Универзална сала

февруари 8, 2024

Следната недела ќе продолжи реконструкцијата на Универзална сала во Скопје, рече на прес-конференција министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. Владата ја презема концертната сала од Град Скопје по двeгодишен застој при промената на градоначалници. Костадиновска-Стојчевска рече дека одложувањето на работата на салата се должи на тоа што градоначалничката Данела Арсовска не ја предавала документацијата за салата […]

Влезниците во културните установи за студентите поевтинуваат за 50 отсто

јануари 31, 2024

Студентски попуст од 50 отсто се воведува на влезниците во сите државни културни установи во земјава, откако Министерството за култура и Универзитетското студентско собрание на УКИМ денеска потпишаа Меморандум за соработка. Со Меморандумот е утврден попуст од 50 проценти на влезниците за влез и следење на програмите на националните установи од областа на културата за […]

Ќе се вработуваат лектори во државните институции, изгласан Законот за употребата на македонскиот јазик

јануари 26, 2024

На денешната собраниска седница беше изгласан новиот Закон за употребата на македонскиот јазик. Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, кажа дека со чувањето на македонскиот јазик, се зацврстува државноста и темелот на идентитетот. Со овој закон, меѓу другото, пропишано е задолжително лекторирање на сите материјали со објавување на лекторот и задолжително вработување лектори по македонски јазик […]

Костадиновска – Стојчевска: Сo софтвер ќе „ловат“ дивоградби на охридското крајбрежје

јануари 15, 2024

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија и Националниот парк „Галичица“ преку посебен софтвер направиле скенирање на охридското крајбрежје по што ќе се утврдуваат дивоградбите, информира министерката за култура и претседател на Националната комисија Бисера Костадиновска – Стојчевска. Таа кажа дека до Националната комисија за УНЕСКО имало доставено неколку предмети, но и покрај притисоците […]

Костадиновска-Стојчевска: За Вевчански карневал издвоивме 1,8 милиони денари

јануари 9, 2024

Министерството за култура одвоило 1,8 милиони денари за годинашниот вевчански карневал кој традиционално се одржува во Вевчани. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција кажа дека Министерството за култура го препознавало значењето на карневалот како нематеријално културно богатство и затоа вложува во неговиот развој. „Пред неколку денови со градоначалникот на општина Вевчани, Спасе Кочовски, склучивме […]

Скопје не е само номинирано, туку и избрано за европска престолнина на културата во 2028 година

декември 16, 2023

Скопје ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година, заедно со градовите Чешке Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција. Веста дека Бурж ќе биде европска престолнина на културата е точна, но објавата што ја анализираме, манипулира дека Скопје само било номинирано да биде престолнина на културата. Како што објаснија од Градот, според […]

Страна 1 од 6