среда, 15 април, 2026
Meta.mk

Ознака: повик | 107 резултати

Украина е само прва линија на одбрана против плановите на Русија за агресија

јуни 12, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваjќи на конференцијата Глобсек во Прага, преку видео врска, предупреди дека европското општество и САД мора да разберат дека војната на Владимир Путин е насочена кон НАТО и „цивилизираниот свет“, а Украина е „само првата линија“ на напад, пренесува „Гардијан“. „Секоја линија е важна, но најважна е првата линија, бидејќи ако […]

SEEDIG објави повик за млади љубители на технологијата, Интернет и дигиталните политики

јуни 12, 2025

Младинската школа SEEDIG, која е динамична иницијатива за градење капацитети, насочена кон екипирање универзитетски студенти и млади професионалци од 18 земји, нуди стекнување со основни знаења и вештини во областите на управување со Интернет и дигиталната политика. Тие ги повикуваат сите млади на возраст од 18 до 30 години, љубители на технологијата, правата и политиките […]

По законските измени, во тек е нов повик за субвенциониран студентски оброк

април 14, 2025

Министерството за образование и наука објави нов повик за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, откако претходно месецов беа донесени законските измени со кои се прошири опфатот на студенти кои имаат право на субвенциониран студентски оброк. Согласно законските измени, право на субвенциониран оброк сега имаат редовни студенти запишани на прв, односно втор циклус на студии, како […]

Објавен е првиот пакет на повици во рамките на програмата „Дигитална Европа“ за 2025 година

април 10, 2025

Објавен е првиот пакет на претстојни повици во рамки на програмата „Дигитална Европа“, информираше министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на денешната прес-конференција. На овие конкурси ќе можат да учествуваат компании, јавната администрација и други субјекти од земјите-членки на ЕУ и ЕФТА, како и од трети земји кои се дел од „Дигитална Европа“, меѓу кои […]

ЕУ објави повик за приватни инвестиции во Западен Балкан

април 10, 2025

На Самитот АДРИА 2025 во Црна Гора, Европската унија објави повик за мобилизирање приватни инвестиции во Западен Балкан. Целта е да се поттикне економскиот раст и интеграцијата на регионот во ЕУ. Бизнисите од ЕУ, Европската економска зона и Западен Балкан се поканети да поднесат предлози за инвестициски проекти до 21 мај 2025 година. Европската комисија […]

Во тек е повикот за волонтери за Европскиот младински олимписки фестивал што летово ќе се одржи во Скопје и Куманово

април 3, 2025

Летово во Скопје и Куманово ќе се одржи Европскиот младински олимписки фестивал – ЕМОФ Скопје 2025, кој ќе претставува најголемиот мултиспортски настан што досега се одржал во Македонија. Фестивалот  ќе обедини над 2.500 млади спортисти од европскиот континент, а ќе се одржи од 20 до 26 јули во Скопје, Куманово и Осиек, Хрватска. Повеќе од […]

ФИТР објави повик за поддршка на иницијативи на млади истражувачи и иноватори

март 6, 2025

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) објави повик насловен како „Натпревар за успешни иницијативи од Западен Балкан“, на кој вкупно 18.000 евра ќе се доделат како признание на шест иницијативи кои ги поттикнуваат младите да истражуваат и создаваат иновации. „Наградите ФИТР ги организира во рамките на европскиот проект POLICY ANSWERS, во кој Фондот ја […]

Од утре па до петти февруари, нов повик за субвенциониран студентски оброк

јануари 31, 2025

Министерството за образование и наука (МОН) информираше дека рокот за пријавување за субвенциониран студентски оброк за оние студенти кои досега не го оствариле ова право трае од утре, 1 февруари до среда, 5 февруари. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, можат да поднесат апликација електронски преку порталот „е-услуги“. Право на субвенциониран студентски […]

Како можат идните студенти-бруцоши да аплицираат на повикот за субвенциониран студентски оброк?

август 27, 2024

Во тек е пријавување на повикот за субвенциониран студентски оброк за академската 2024-2025 година. Повикот трае до 5 септември и на истиот, освен тековните студенти, можат да се пријават и потенцијалните бруцоши, односно оние кои во меѓувреме ќе аплицираат за упис во прва година на факултет, потсетува Министерството за образование и наука (МОН). За нив, […]

Младинскиот сојуз Крушево со повик за студентска пракса

мај 23, 2024

Младинскиот сојуз Крушево објави повик за практиканти за канцеларијата во Скопје – преку тримесечна практикантска програма ќе обезбеди финансиски надоместок за три млади лица. Дополнително, велат од организацијата, ќе ги мапираат интересите на младите луѓе во различните програми со цел понатамошно вработување на младите, по завршување на праксата. Заинтересираните кандидати за учество во практикантската програма […]

Студентите што досега не го оствариле правото на субвенциониран оброк, може да аплицираат до 7 јануари

јануари 4, 2024

До недела, 7 јануари, студентите што досега не успеале да се пријават и да го остварат правото на субвенциониран студентски оброк, можат тоа да го сторат преку порталот „е-услуги“ на Министерството за образование и наука (МОН). За оваа мерка може да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република […]

МОФ со Повик за млади истражувачи во пет тематски области

декември 25, 2023

Младинскиот образовен форум (МОФ) во соработка со Центарот за наука и иновации од Албанија и Иницијативата за човекови права од Србија објавија повик за апликации на Регионалната програма за мобилност на младинско лидерство (RYLMP), наменет за студенти, активисти и млади истражувачи од Северна Македонија, Албанија и Србија, кои имаат интерес за истражување и застапување за […]

Повикот за финансиска поддршка за учениците истекува денес, студентите имаат рок до утре

декември 24, 2023

До денес (недела, 24 декември) трае рокот за пријавување на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето-плата од  до 50.000 денари. Начинот на пријава е опишан во повикот објавен од страна на Министерството за образование и наука (МОН), кое обезбеди и одговори […]

Со средства од 2,1 милиони евра на ЕУ ќе се поддржуваат уметнички проекти

декември 4, 2023

Министерството за култура информира дека објавен e повикот за грантовата линија од Програмата „Креативна Европа“, потпрограма Култура на Европската Унија, насловена „Изведувачка Европа“ („Perform Europе“). „Станува збор за грантова линија која е наменета за соработка во областа на изведувачките уметности во 40-те земји учеснички во програмата „Креативна Европа“, меѓу кои е и Северна Македонија. За […]

Се заканувал преку телефон на вработените во амбасадата на Косово

ноември 9, 2023

Засега неименуван маж стана предмет на обработка од Основното јавно обвинителство Скопје, поради закани што преку телефон ги упатил до вработените во амбасадата на Косово во Скопје. Станува збор за кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 4 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. На 6 ноември, […]

Повик до невработените за практикантска работа во компании

октомври 27, 2023

Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, во рамки на ИПА проектот „Активација на ранливи групи на пазарот на трудот“, финансиран од Европската Унија, објави оглас за практикантство во компании. Агенцијата ги повикува работодавачите и евидентираните невработени лица да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ. Огласот е достапен на следниот […]

Здружението Гоу Грин собира младински барања за зелени општини

септември 1, 2023

Здружението Гоу Грин Скопје (Go Green) третпат објавува повик за младите да ги поднесат своите идеи и потреби кои ќе допринесат за зелени општини. Повикот е наменет за млади на возраст од 15 до 29 години од општините Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Гостивар и Прилеп и истиот може да се пополни на овој линк. […]

Отворен е повикот за учесници на Летната академија на МОФ

јули 25, 2023

Отворен е повикот за учество на Летната академија за младински права, демократија, младинско учество и организирање и адресирање на социјални предизвици и проблеми што ја организира Младинскиот образовен форум (МОФ). Право на учество на академијата имаат сите заинтересирани млади на возраст од 15 до 25 години кои се членови на МОФ, но и млади кои […]

Александар Вучиќ ќе води и македонски граѓани на контрапротестот во Белград на 26 мај

мај 16, 2023

„Организиран бесплатен автобуски превоз на сесрпскиот митинг на 26 мај (петок) во Белград. Кој е подготвен да оди, нека се јави. Известете ги и сите останати луѓе. Поаѓањето ќе биде од Куманово. Резервирајте ги вашите места на време“, е пораката што на 11 мај на Фејсбук ја објави Српската заедница во Македонија. Самиот повик на […]

МНР ги повика заинтересираните припадници на дијаспората да се вклучат во проектот МКАРТА

мај 15, 2023

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта [email protected] со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година. „Напоменуваме дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат […]

Страна 1 од 6