Ќе се распише повик за субвенции за авиокомпаниите што сакаат да воведат летови од земјава

-

Владата планира да додели финансиска поддршка за авиокомпаниите кои планираат да воведат нови летови од македонските аеродроми кон странство за периодот 2023-2025 година. Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Информацијата во врска со потребата за донесување Програма за определување средства потребни за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај на домашни и странски превозници и ја донесе Програмата.

„Донесена е и Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници и потребната документација којашто треба да се достави од страна на корисниците на финансиската поддршка. Согласно овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише јавен повик за доделување финансиска поддршка за авиокомпании коишто ќе воведат нови авиодестинации за граѓаните“, информираат од владината прес-служба.

Инаку, на претходните три повици распишани од Владата победуваше унгарската нискобуџетна компанија „Визер“, која беше единствена што добиваше субвенции за воведување на нови летови од македонските аеродроми.

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во два наврати есенва изјави дека ќе се менува моделот за субвенционирање на летовите според правилата за државна помош што ги има пропишано ЕУ. Најпрво во интервју за МИА, Бочварски во септември информираше дека новиот модел ќе овозможи да се пријават што е можно повеќе оператори, а предност во добивањето субвенции ќе им се даде на авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно.

Ex-Yu Aviation и на крајот од октомври годинава ги пренесе информациите на министерот Бочварски дека новиот модел за доделување субвенции е утврден и дека се чека на владина согласност. Договорот за субвенционирање би ги обврзал авиокомпаниите што ќе добијат субвенции да ги одржуваат летовите дури и откога ќе заврши периодот на субвенционирање.

Инаку, унгарската нискобуџетна авиокомпанија „Визер“ доминира во воздухопловниот сектор во Македонија, со удел од над 60 отсто од вкупниот број на превезени патници годишно во авиосообраќајот.

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од членот 131...

Повторно провалено во домот на убиената пратеничка од Минесота, Мелиса Хортман

Во домот на убиената пратеничка на сојузната држава Минесота, Мелиса Хортман, е пријавено уште една провалување, соопшти локалната полиција, а пренесе Еј-Би-Си њуз. Откако таа и нејзиниот сопруг, Марк, беа застрелани во...

„Никој не знае“: Трамп не открива дали ќе го нападне Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп не сакаше да открие дали донел одлука да нареди напад на САД врз Иран, потег кој Техеран повторно предупреди дека ќе наиде на жесток одговор, пишува Асошиејтед...

Изложбата „Професори и студенти“ во МКЦ ја покажува разновидноста на современата ликовна уметност

Во вторник вечерта во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје беше отворено третото издание на групната изложба „Професори и студенти“. Изложбата е отворена од 17 до 30 јуни и прикажува дела од...

ЈО: Поведена постапка за инцидентот во Чаир во кој синоќа беа ранети три лица

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје повел постапка против едно лице на возраст од 18 години, поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Тешка телесна повреда од...