fbpx

МНР ги повика заинтересираните припадници на дијаспората да се вклучат во проектот МКАРТА

Од МНР потсетуваат дека проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата

-

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта [email protected] со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година.

„Напоменуваме дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени предвид при следната селекција“, велат од МНР.

Од ова министерство потсетуваат дека проектот МКАРТА е конципиран како поширока мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата, а истиот беше претставен во мај 2021 година.

„Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено ‘посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Северна Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка’“, велат од МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...